МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

To be, or not to be - Прво место

 

На 12 мај 2016 година, Факултетот за странски јазици при Универзитетот Американ колеџ Скопје во соработка со Амбасадата на Велика Британија и со Британскиот совет во Македонија, го организираше петтиот државен натпревар во читање и говорење на текстови од светски познати писатели. Оваа година, насловен беше како „Шекспир живее - 2016“ и беше во знакот на големиот јубилеј – 400 години од смртта на Вилијам Шекспир.

На натпреварот, од нашето училиште учествуваа 6 ученици под менторство на професорките Стевка Самарџиска и Кети Ефремоска.

Хамлетовата вечна дилема „Да се биде или не“ во нескромно фасцинантна изведба, на нашиот ученик од трета година Филип Димовски му го донесе првото место во конкуренција од 114 ученици од сите средни училишта во Македонија.

 

Настапот на Филип пред присутните и пред жирито кое го сочинуваа деканката на Факултетот за странски јазици, проф. д-р Марјана Ванева, професорот-шекспиролог д-р Иван Додовски, предавачите-англисти м-р Дејвид Ламберт, м-р Јованка Јованчевска-Миленкоска и м-р Бетина Џоунс од УАКС и познатиот македонски актер Ѓорѓи Јолевски, кој своевремено со голем успех ја играше улогата на Хамлет, остави најдобар впечаток и предизвика бурни аплаузи од сите во публиката.

Филип Димовски добива награда 

Ментор на Филип му е професорката по англиски јазик Кети Ефремоска.

Filip so mentorot prof. Keti Efremoska Сите наши учесници и двата ментори

Целата гимназиска екипа на натпреварот


Објавено на: 13 Мај 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија