МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Традиционална хуманитарна посета

 

Дом Битола

  Во чест на Св.Никола, патронот на град Прилеп, во координација на проф.Ружа Ангелеска, втора година по ред од гимназијата „Мирче Ацев“ - Прилеп се организира хуманитарна акција за Домот за деца доенчиња и деца без родителска грижа во Битола.
    Оваа година во акцијата се вклучија учениците на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“- Прилеп членови на Младинскиот Интеракт клуб од Прилеп и неговите пријатели од истоимениот клуб од Битола, кои организираа хуманитарна забава под наслов „Неон парти“. Од забавата собрани беа парични средства со кои се набавија чаршави за креветчињата во домот и средства за лична хигиена.

   Атмосверата при посетата беше збогатена со вештите раце на неколку гитаристи и распеаните и весели ученици кои со љубов и радост ја исполнија просторијата и донесоа насмевки и задоволство на децата згрижени во Домот. 

   Во акцијата несебично се вклучи бившата гимназијалка Катерина Иванова Вангелова, која донираше повеќенаменски апарат за подготвување на храна, а редовниот поддржувач на сите хуманитарни акции П.И.Витаминка - Прилеп донираше пакет производи и подароци.

   Целта на акцијата е да им посветиме колку што може повеќе внимание и да им подариме малку повеќе радост на најчувствителната и најранлива категорија деца, згрижени во Домот, а воедно и да се поттикнат на солидарност и хуманост сите други  категории на граѓани за несебично да ги споделуваат своите материјални и духовни вредности.

Битола Дом Битола

Дом Битола Дом Битола Дом Битола

Дом Битола Дом Битола Дом Битола


Објавено на: 18 Дек 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија