МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Трето место во шах

 

 Шахистите

   На ден 25.11.2016 во Старо Нагоричане, општина Куманово во училиштето Светозар Марковиќ се одржа државен натпревар во шах за средни и основни училишта на кој учество зедоа повеќе од 150 учесници. Во конкуренција за средни училишта имаше повеќе од 40 учесници.

   Манески Давид во последното коло ремизираше во добиена позиција со фидемајсторот кој ја претставуваше Р.Македонија на светското првенство Тони Лазов.
   Шахистите од гимназијата  беа најдобри како екипа на државниот натпревар за средни училишта.
   Од гимназијата „Мирче Ацев“ учествуваа петмина учесници од кои Давид Манески оствари значаен успех, 3 место во категоријата за средни училишта. Добра игра покажаа и Премчески Славчо која го делеше четвртото место, Маџоски Трајче, Секулоски Емануел и Христоски Бојан.
Ментор на екипата беше актуелниот шаховски првак на гимназијата Ѓоргиоски Гоце.
   Како подготовка за државниот натпревар, на 16.XI.2016 се одржа „Гимназија опен“ на кој учество зедоа ученици, професори и студенти од Штипскиот Универзитет. Овој натпревар беше изборен за состав на екипата од гимназијата која настапи на државното првенство во Старо Нагоричане.
   Прво место Манески Давид, второ место за пофесорот по математика Филип Ачкоски, а третото место го поделија Ѓоргиоски Гоце и Премчески Славчо. На овој турнир беа доделени и соодветни награди.

 


Објавено на: 05 Дек 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија