МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Трето место на „Месецот на науката“

 

трето место по наука

   Ноември е месец на науката и по тој повод, во организација на Друштвото на физичари, Сојузот на хемичари, Македонско астрономско друштво, Друштвото на билози и Македонското географско друштво, во соработка со Природно – математичкиот факултет во Скопје, од 18 до 20.11. 2016 год. во Скопје се одржа манифестацијата „Ноември-месец на наука“ наменета за учениците од основните и средните училишта.
   Оваа манифестација имаше натпреварувачки карактер. Некои од учениците се натпреваруваа во презентирање на практични проекти, а некои во решавање на „тест по природни науки“ кој се состоеше од по повеќе прашања од предметите биологија, физика, хемија и географија.
   Искра Белческа, ученичка во втора година од нашата гимназија, се натпреваруваше во решавање на тест и го освои третото место во конкуренција од стотина ученици од втора година од средните училишта од Македонија. Ментор на Искра и беше  професорката Христина Манческа.
   Освен натпреварувачкиот дел, на манифестацијата организирана беше и посета на лабораториите на Природно-математичкиот факултет.
   Целта на манифестацијата беше да се популаризираат  природните науки и да се пробуди интересот кај учениците за нив.

 
Фотографија: Горан Попоски


Објавено на: 28 Ное 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија