МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Предавање

„Трговија со луѓе - сериозна повреда на човековиот дигнитет“

 

На ден 06.04.2016 во просториите на СОУ Гимназија „ Мирче Ацев “ - Прилеп беше одржано поучно предавање на тема  „Трговија со луѓе“.

Предавањето беше во организација на Амбасадата на САД во Скопје, а предавачи беа Лаура Бурнс и Адриан Исмаили.

трговија со луѓе

Големиот број на присутни ученици е показател дека кај младите луѓе постои вистинска заинтересираност за овој проблем кој во светски рамки зема се поголеми размери.

Како што беше кажано на предавањето, Македонија успешно се справува со овој проблем и е највисоко оценета во регионот за справувањето со трговијата со луѓе.

предавање трговија со луѓе

Ова предавање беше реализирано преку видео презентација и краток видео клип а се разви и дискусија меѓу присутните. Сето ова придонесе во добивањето подобра слика кај учениците за тоа како изгледа  трговија со луѓе ширум светот и кој се може да биде жртва на трговијата со луѓе.

gimnazija mirce acev trgovija so lugje

Целта на оваа активност беше подигнување на свеста кај младите луѓе за оваа појава и преземање на соодветни мерки за спречување на ваквиот вид трговија што претставува сериозна повреда на човековиот дигнитет.

Напишано од: Ивана Дукоска и Елена Ангелеска

Фотографија: Марко Ристески


Објавено на: 07 Апр 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија