МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Турнир во тенис на
новото тениско игралиште

 

   Младинската организација при СОУ  Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп организираше турнир во тенис, на кој учество зедоа дваесетина ученици и професори. Ова беше прв поголем спортски настан на новото тениско игралиште.

Тенис гимназија Прилеп

   На отварањето на овој турнир присуствуваа  градоначалникот на Општина Прилеп - Марјан Ристески, советникот за образование Марјан Матракоски и директорот на гимназијата Кире Николоски. Тие со краток говор им посакаа среќа и успех на натпреварувачите и изразија задоволство што Младинската организација, учениците и професорите организираат ваков турнир кој придонесува за градење на спортскиот дух кај учениците.

   Учениците учесници на турнирот се задоволни што со новото тениско игралиште подобрени се условите за спортување во училиштето.

   „Со тенис се занимавам веќе 10 години и можам да кажам дека овој тениски терен е одличен“- рече гимназијалката Бистра Петреска, учесник на турнирот.

   „Јас се занимавам со тенис 7 години и многу се радувам што сега имаме ваков терен во нашето училиште, кој може да го користиме на часовите по спорт. Сега имаме училишен турнир во кој се вклучени и професорите и целиот настан е направен како една мала забава за нас“, рече Ева Кантарџиоска, ученик во нашата гимназија.

   „Изградбата на ваквите терени е одлична можност за развојот на тенисот во училиштата и многу се радувам што конечно овој спорт може да го практикуваме и во нашето училиште“, кажа Давид Петрески, ученик во гимназијата.

   Со ова тениско игралиште, повеќенаменското игралиште, фитнес салата, вештачката карпа и спортската сала, гимназијата „Мирче Ацев“ прерасна во училиште со најдобри услови за спортување, а со планираните активности за изградба на терени за атлетски дисциплини, гимназијата ќе прерасне во своевиден спортски центар.

 

Фотографија: Горан Попоски


Објавено на: 14 Сеп 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2017
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија