МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

„La linea“

Петта театарска премиера на прилепската гимназија, оваа година

 

Театарска премиера

   Во неделата на 10.12.2017 год. во театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно беше  прикажана претставата на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп со наслов "La linea" (Линија).
   Претставата беше изведена на камерна сцена, на која присутните вљубеници во театарот со внимание го следеа актерскиот настап и содржината на драмата.
   Меѓу присутните гости беше културниот аташе на Република Италија, господинот Марко Пешетели и други службеници на Италијанската амбасада во Република Македонија.
   На почетокот гостите ги поздрави и кратко обраќање имаше директорот на Гимназијата, Димче Настоски, а потоа се обрати и италијанскиот културен аташе.

   Претставата е на италијански јазик и со неа нашата Гимназија ќе учествува на фестивалот на школски театар "Teatro dell'Argine" во Болоња во мај 2018 год.
  Автор на текстот, режисер и сценограф на претставата е Маринко Шлакески - професор по драмски уметности и англиски јазик, кој за претставата вели дека е психолошка драма, која се случува во еднa постапокалиптичнa ситуација во која се наоѓаат две единки кои се обидуваат да се зближат, но проблемот е неможноста да ја преминат линијата која што ги двои, која пак е метафора на други, дополнитлни прашања кои се отвораат.

Авторот и режисер на претставата, Маринко Шлакески, во разговор со културниот аташе на Република Италија во нашата земја, Марко Пешетели.

   Главните ликови во претставата ги играат учениците Марија Митреска и Симеон Мерипушкоски. Ова за нив не е прв настап на театарската сцена. Симеон веќе три години настапува во драмите организирани од нашето училиште по повод Месецот на Франкофонијата, а Марија со ликот на Лора во истоимената драма на француски и на грчки јазик освои најпрестижни награди и признанија на училишните фестивали во Бугарија и во Грција.
   Драмата со својот настап ја збогати ученичката Емилија Јовеска, која со балетската точка го означи крајот на претставата. Кореограф на балетската изведба на Емилија беше професорот по спорт Орде Цветаноски.
   Музичката позадина на драмата е композиција со мотиви од една македонска љубовна балада, во изведба на италијански јазик на ученичката Ангела Зероска, со обработка и гитарска придружба на проф.Маринко Шлакески.
   За проекцијата на преводот на драмата се погрижи ученичката Марија Андоноска.
   Во подготовките и реализацијата на претставата помогнаа и учениците Наум Аврамоски и Давид Желчески, учениците од Младинската заедници на училиштето како и професорите Лидија Тошеска и Николче Богданоски.
   Режисерот и автор на текстот Маринко Шлакески, од името на Гимназијата благодарност за помошта во подготовките на претставата им искажува на Давиде Бетинели и Андреа Дау, како и на Саша Нацевски од театарската школа „Чин 4, сцена 5“.

   Оваа премиера е петта премиера на нашето училиште оваа година. Претходните четири театарски претстави на гимназијата и донесоа државна и меѓународна афирмација како и две престижни награди и признанија од Стара Загора (Бугарија) и од Дион (Грција).

 

Фотографија: Бојан Илиески и Христијан Николоски


Објавено на: 13 Дек 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија