МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

На интеркултурна размена во Троген, Швајцарија

 

   Оваа година, нашето училиште за прв пат беше вклучено во размената во Детското село Песталоци, во Троген, Швајцарија.
   Групата составена од осум ученици (Белушаноска Јована, Дино Релушкоски, Стефан Алексоски, Емил Стојаноски, Веселина Шојлеска, Веселинка Илиовска, Гордана Иваноска и Ангела Милошеска) беше придружувана од еден супервизор (Кети Ефремоска), присуствуваше на размената од 5-ти до 19-ти декември 2017 година.
   Групата имаше партнерски училишта од Македонија (од Гостивар и Охрид – кои учествуваа со по две групи придружувани од двајца супервизори), како и група ученици и супервизори од Белорусија.
   Групата од Прилеп беше сместена во куќа број 4, заедно со една група од Гостивар и една група од Охрид.
   Од понеделник до петок, два пати дневно по три часа, односно 6 часа вкупно, учениците посетуваа настава на различнi теми кои се во склоп на Конвенцијата на правата на децата, како Идентитет, Антидискриминација, Интеркултурна комуникација.
   Учениците имаа и активности во куќата околу храната и одржување на хигиената, додека слободното време го користеа за забава, рекреација и дружење во Младинскиот клуб, во Спортската сала и во собите за рекреација во куќите каде што беа сместени.
   Во текот на викендите беа реализирани екскурзии низ градови и места во Швајцарија, како: Цирих, Луцерн, Сент Гален, „Технорама“ – музеј на природните науки, Водопадите на Рајна и планината Сантис на Алпите.
   За време на престојот учениците од двете партнер држави ги претставија своите училишта и држави со видео презентации, традиционална храна, видеа, презентации за градовите и училиштата, фолклорни настапи и музички изведби.
   Размената се одвива како дел од проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија“ кој е под покровителство и поддршка на Коалиција на малдински организации СЕГА. Гимназијата исто така го спроведува и моделот Дете – правобранител од 2016 година.

   Чест и задоволство беше да учествуваме на ваква интнеркултурна размени и се надеваме на уште многу вакви посети во иднина. Бидејќи сликите зборуваат погласно од зборовите, погледнете ги фотографиите кои ќе ви пренесат дел од атмосферата во Детското село.

 


Објавено на: 27 Дек 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија