МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Поетска вечер „За животот и љубовта“

  Поетска вечер2017

  И оваа година продолжи традицијата на одржување на поетски вечери, во рамките на одбележувањето на Патрониот празник на нашата Гимназија.
   На 27 декември 2017 г. во Арт кафе - Апореа се одржа поетска вечер со наслов „За животот и љубовта“. И овојпат присутните гости уживаа во стиховите на талентираните рецитатори, а музичките изведби го дополнија задоволството.

   Стихови од македонски и светски автори рецитираа учениците: Сара Атанасоска, Леона Митреска, Лилјана Јованоска, Елеонора Михаиловска, Иван Неделкоски, Стефани Мирческа, Марија Трајкоска, Мартин Милески, Јана Луческа, Катерина Божиноска, Елена Ангелеска, Марија Јорданоска, Евгенија Стојаноска, Ивана Тодороска, Марија Димеска, Михаела Насеска, Сања Цветкоска и Стефанија Стефаноска.
   Поетската вечер со прекрасни македонски мелодии ја збогатија Антонио Николоски, Анастазија Христоска, Теодора Јовеска, Ангела Зероска,  Гоце Илиески, Ана Петреска, Бистра Петреска и Ведрана Петреска.
   И оваа година родителите и професорите беа дел од програмата со свои настапи.
   Јагода Митреска, мајката на Леона Митреска имаше прекрасен рецитаторски настап со кој изнуди искрени топли аплаузи.
   Mузичката група составена од професорите Марина Попоска и Маринко Шлакески и учениците Ангела Зероска и Гоце Илиески настапи со три музички точки. Настапот исто така беше награден со бурни аплаузи.
   Со овие заеднички активности уште еднаш се потврди соработката помеѓу родителите, професорите и учениците.

Плакатот го изработи Александра Ќорвезироска

   Организирањето, подготовката и реализацијата на поетската вечер беше на професорите Весна Михаиловска и Лидија Тошеска, а за успешната реализација се погрижија проф. д-р Татјана Иваноска и проф.Николче Богданоски. Целиот настан беше поддржан од директорот Димче Настоски.

Плакатот го изработи: Александра Ќорвезироска
Озвучување: Тони Сваќароски
Организациска помош: Наум Аврамоски и Давид Желчески
Фотографија: Горан Попоски

Организаторите му искажуваат благодарност на Горан Здравески за техничката помош во реализацијата на настанот


Објавено на: 30 Дек 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија