МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Здрава храна за здрав живот

 

презентации за здрава храна

   По повод денот на здравјето, оваа недела од 11 до 13 април Хуманитарниот сектор од Младинската организација при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ одржа презентации за учениците од основните училишта во нашиот град под мотото:

Најголемиот подарок што можеш да му го дадеш на твоето семејство и светот е ЗДРАВ ТИ!

   На презентациите учениците од вторите одделенија беа запознати со интересни податоци за храната, имаше интересни поуки, заклучоци, квизови, песни и забава.  Посебен интерес кај второодделенците предизвикаа убаво декорираните „трпези“ на кои имаше разни видови овошја и зеленчук и сок од свежо мелено и цедено овошје.
   Со насмевка и радост основците уживаа во вкусовите, задоволни од презентацијата на гимназијалците.

презентации за здрава храна презентации за здрава храна

Настанот го организираа и го реализираа учениците: Наум Стамболџиоски, Александра Илиеска, Наталија Димеска, Викторија Спиркоска, Катерина Божиновска, Стефан Здравески, Вероника Глигороска, Косара Блажеска, Натали Трајаноска, Наум Аврамоски, Андреј Крстев, Ивана Стојаноска, Марија Андрееска, Марија Биновска, Елена Сливоска, Ивана Наумоска и Бистра Петреска.
   Ваквите убави, вкусни и поучни презентации ќе продолжат да се реализираат и во иднина.


Објавено на: 13 Апр 2017

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија