МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Второ место за проектот „Сеизмичка појава - Сеизмизам“

 

Вештачки земјотрес

   Минатиов викенд, за првпат досега, се организираше тридневен настан насловен како „Месец на науката- Ноември 2016“. Учество на настанот зедоа сите научни институции и друштва од нашава држава, како и скоро сите средни училишта во Македонија. Учесниците на овој настан имаа свои презентации на интересни теми во салите на „Cineplex“ и „City Moll“ во Скопје,  додека дел од активностите, вклучувајќи го и тест натпреварот беа реализирани на Природно-математичкиот факултет.
   Најголем интерес на натпреварот имаше за експериментите и демонстрациите изведени од страна на ученици кои се натпреваруваа во областите: физика, географија, хемија и биологија.

   Нашите ученици од трета година: Исидора Стеваноска, Христијан Стомнароски, Ана Димоска, Стефан Костоски и Антониј Ацески, под менторство на проф. Виолета Проскоска Велкоска го освоија второто место во областа географија, за проектот „Сеизмичка појава - Сеизмизам“ практично предизвикувајќи спектакуларен земјотрес на показната макета. Преку нивната демонстрација, стручната комисија и заинтересираните имаа можност практично да видат како се случува земјотресот, кои фактори влијаат за појава на земјотреси, што се случува со тлото при земјотрес и сл.

земјотрес трговски центар

   Со оваа награда нашите ученици ја продолжија традицијата на врвни успеси по географија.

 


Објавено на: 22 Ное 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија