МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Во Македонското Собрание

 

во Македонскиот Парламент

Ученици од неколку гимназии од Македонија, придружувани од нивните наставници, зедоа учество на еднодневен семинар на тема „Демократијата и Собранието”, кој се одржа на 11 март 2016 година, во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.

Гласање во Собранието

Од гимназијата “Мирче Ацев” – Прилеп присуствуваа учениците: Надица Бунеска, Јошеска Ангела, Ивона Крстеска, Христина Ангелеска и Сандра Спировска предводени од професорката по социологија, Снежана Тодорческа.

Гимназијалците во Собранието

Целта на семинарот е приближување на работата на Собранието на Република Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата.

Раководителот на Парламентарниот институт, м-р Златко Атанасов, на присутните ученици и наставници им додели сертфикат за учество на семинарот.

Македонски „парламентарци“

Преку организирана обиколка учениците имаа можност да го разгледаат свечениот дел на Собранието, да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно одбележје на македонската државност.


Објавено на: 27 Мар 2016

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија