МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Новото тениско игралиште на тест

 

тениско игралиште Прилеп

   Новото тениско игралиште во нашата Гимназија е скоро довршено. Останува уште да се поврзат рефлекторите на електричната мрежа за целосно да биде употребливо. Градежните работи на игралиштето се завршени.

   Но иако сеуште официјално не е пуштено во употреба, сепак учениците и практично го тестираа. Го искористија сончевото време и одиграа некој сет.  Сепак, овој прв тениски натпревар беше наменски. Фотографија од натпреварот е ставена во новиот училишен календар за 2017 година.

   Новото тениско игралиште ја прави нашата Гимназија - училиште со најдобри услови за спорт.  Гимназијата има спортска сала, фитнес сала, вештачка карпа, повеќенаменско игралиште и сосема ново тениско игралиште.

 фотографија: Бојан Илиески


Објавено на: 08 Дек 2016

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија