МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

ЕЅО Astronomy camp (ЕСО камп по астрономија)

 

astronomy sky

Ученикот Давид Дамјаноски од III-8 од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ учествуваше на четвртиот по ред ESO Astronomy Camp (EСО камп по астрономија) кој се одржа од 26.12.2016 до 01.01.2017 година во Астрономската опсерваторија на автономниот регион Долина Аоста (Astronomical Observatory of the Autonomous Region of the Aosta Valley - OAVdA) во Италија. Организатори на кампот се ESO (European Southern Observatory), Sterren Lab и OAVdA.
   Правото за учество Давид Дамјаноски го стекна така што направи видео во кое се говори за најактуелните истражувања во астрономијата и астрофизиката со кои моментално се соочуваат научниците - експерти од тие области во целиот свет.
   Од вкупно пријавени 180 кандидати на возраст меѓу 16 и 18 години, избрани беа 53 учесници од 24 различни држави од целиот свет, меѓу кои и нашиот гимназијалец Давид.

   „Опсерваторијата се наоѓа во Сен Бартелеми, во близина на Нус, во северозападна Италија. Самата опсерваторија се наоѓа на надморска височина од 1633 метри и во радиус од 40 километри се наоѓаат 4 од највисоките планински врвови во Европа меѓу кои и Мон Блан и Матерхорн.
   Опсервторијата е изградена во 2003 и е опремена со модерна опрема, вклучувајќи еден телескоп поставен под автоматизирана купола, како и 7 помали телескопи на кои учесниците имаа можност да го набљудуваат небото над Аоста, но и еден спектрограф кој исто така ни беше на располагање на сите учесници. Во склоп на опсерваторијата се наоѓа и модерно опремен планетариум изграден во 2008.

опсерваторија 
   Активностите се состоеа од научно - практичен дел, во кој спаѓаат теоретски предавања и потоа практичен дел. Предавањата вклучуваа вовед во спектроскопија, истражување на вселената со Х- зраци и УВ- зраци, истражување на вселената со помош на микробранови, потоа предавање околу задачата и активностите кои ЕЅО ги врши со своите три астрономски опсерватории во пустината Атакама во Чиле (Паранал, Ла Сија и Чахнантор), но и како е да се биде на Антарктикот преку изнесеното искуство на Жан- Марк Шристил. Покрај него, на кампот зедоа учество како во теоретскиот, така и во практичниот дел и Давиде Ченадели (директор на OAVdA), Тања Џонстон, Ана Волтер, Даниело Манеља.

дамјаноски-астрономија
   Дел од активностите беа и набљудувањата на небото, па така можевме  да ги видиме Млечниот пат, Андромеда, Марс,  Венера, голем број на соѕвездија, Јупитер со сателитите, но учесниците имавме слобода да набљудуваме и небесни објекти по сопствена желба; снимање на спектри на ѕвезди, планети, маглини и слично. Снимените спектри следното утро ги анализиравме поделени во групи. Во практичниот дел влегуваше и експериментот со микробранови спроведен со секоја група оддeлно од страна на Менеља.

телескоп телескопи

   Еден ден беше резериран за научна екскурзија во подножјето на врвот Матерхорн, во елитното зимско одморалиште Червиња, во подножјето на врвот Матерхорн, а кампот заврши со новогодишна забава.
По овој камп ништо не е и нема ни да биде исто, не само за мене, туку и сите кои бевме таму, овие спомени, се едни од најдрагите за мене“
- ни раскажа Давид Дамјаноски.

eso camp italy


Објавено на: 01 Мар 2017

 

Слични содржини



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2017
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија