MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

НЕШТО ЛИЧНО

Девојката од хартија

Девојката од хартија

   Ретко се случува, животот да зависи од една книга. Тоа не е реткост во овај случај. Гијом Мисо на таков едноставен начин, полн со фантазија и романтика, ни доведува пред очи една несекојдневна приказна.

Девојката од хартија  е книга во која има изобилство на романтична неизвесност.

   Главниот лик Том Бојд со неговата Триологија на ангелите, се стекнува со светска слава, на којашто не може да и се израдува, поради неговата бивша девојка Аурора. Тој за “неговата” Аурора дава депресивна изјава, со која вели:

Се случува некогаш некоја жена да сретне некој загубен човек и решава да направи од него здрав човек. Тоа се случува понекогаш.
Се случува некогаш некоја жена да сретне некој здрав човек и решава од него да направи загубен човек. Тоа се случува секогаш
”.

   После оваа негова депресивна изјава, Том Бојд не води со него во една авантуристичка случка, кога од неговите измислени реченици, зависи животот на една млада девојка. Сето тоа започнува кога Том Бојд не сака да ја заврши “Триологијата на ангелите”, а неговиот менаџер Мило, како најдобар пријател и пријателката од детството Керол, ќе се обидуваат да го спасат Том од дупката во која паднал. Ако Бојд не ја заврши книгата, му се заканува банкрот, и треба да се збогува со дотогашниот раскошен живот. Но Том има недостаток на писателска инспирација, поради разделбата со неговата бивша девојка Аурора, тој е постојано депресивен и не сака повеќе да пишува. Се до денот кога на неговата тераса се појавува една за него не позната девојка. Тие започнуваат да разговараат:

     “- Од каде дојде ти?

-          Паднав...

-          Падна, од што?

-          Паднав од Вашата книга, од Вашата приказна!”

 

   Во тој момент, Том Бојд е збунет и сака да пријави во полиција, но сепак не го прави тоа. Таа девојка е Били, главен лик во “Tриологијата на ангелите” која е заљубена во погрешна личност. Сепак Бојд на крајот сфаќа дека Били ја кажува вистината, таа е девојка којашто паднала од 226 страница од книгата!

   Били се зближува со Том Бојд, постојано се заедно и заедно го поминуваат патот на животот. Били му ветува на Том дека ќе направи се да му ја врати Аурора, да бидат повторно заедно, но под услов тој да ја заврши книгата со среќен крај за таа да биде среќна со човекот којшто го љуби.

   Различните карактери на Том, Мило и Керол стануваат целина со живиот карактер на Били – девојката од хартија, којашто ќе му го промени животот на Том и ќе го избрише сивилото и монотонијата во неговиот живот.

   Необичниот изглед на Били и нејзината необична смисла за хумор – едноставно прават таа да биде измислена девојка, каква што и навистина е.

   Кога Том ја вратил ведрината во неговиот живот, здравствената состојба на Били почнала да се влошува. Таа почнала да има главоболки, несвестици, често исплукувала некоја темна материја слична на мастило. На Том му било јасно, Били ќе умре, ако тој не продолжи со пишување.

   Во меѓувреме останал еден примерок од недовршената “Триологија на ангелите”, до неговата напишана 226 страница.

   За да се подобри состојбата на Били, тој примерок треба да биде во вистинските раце – во рацете на Том Бојд. Тој примерок прошетал повеќе земји низ светот, и тоа му ја отежнала и состојбата на Бојд.

   Том, Мило и Керол правеле се за да го најдат тој примерок.

А дали го пронашле?

Што се случило на крајот?

Дали Аурора се вратила во прегратките на Бојд?

Дали Били се вратила онаму каде што припаѓа – во страниците на светски познатата книга?

   Овие не одговорени прашања остануваат на вас, да се соживеете со приказната на Били. Најкорисни книги се тие, чиишто читатели самите ја создаваат половината од нив.

 

Ангела Манеска

 

Ќе те интересира и:

Хемијата низ војните
Хемијата низ војните
Гимназијалки на едукативна работилница во Петница
Гимназијалки на едукативна работилница во Петница
ЕСО - камп по астрономија
ЕСО - камп по астрономија
Нешта за кои не знаевме
Нешта за кои не знаевме
Гимназијалец на проект во Шпанија
Гимназијалец на проект во Шпанија
Четири златни медали за нашите гимназијалки
Четири златни медали за нашите гимназијалки
Интервју со Климентина Ѓорѓиоска
Интервју со Климентина Ѓорѓиоска
Trash Fashion
Trash Fashion
Изложба на Давид Дамјаноски
Изложба на Давид Дамјаноски
На децата треба да им се чита
На децата треба да им се чита
Криза на читањето
Криза на читањето
Разговор со Елеонора
Разговор со Елеонора
Уништување на шумите
Уништување на шумите
„Стравови“ - збирка поезија од Христина Ангелеска
„Стравови“ - збирка поезија од Христина Ангелеска
Горка Љубов
Горка Љубов
Непребол
Непребол
Поле со глуварчиња
Поле со глуварчиња
Ти и јас
Ти и јас
„Demons“ - Imagine Dragons - Mario Angelevski Cover
„Demons“ - Imagine Dragons - Mario Angelevski Cover
Девојката од хартија
Девојката од хартија
Интернетот, предизвик или придобивка на новото време
Интернетот, предизвик или придобивка на новото време
„Остани“ од Елена Атанасоска
„Остани“ од Елена Атанасоска
Мафијата носи штикли
Мафијата носи штикли
Цртан филм
Цртан филм
Вино
Вино
Земјата на моето постоење
Земјата на моето постоење
Песна без наслов
Песна без наслов
 
 

Гимназијата на:

 
 
Оди најгоре