МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Џек и Џони
Современа секојдневна Турбо Елегија со изместена оска на ротација.

 

Турбо елегија

   Неодамна се реализира повеќедневна екскурзија за учениците од трета година.
   Четири автобуси, еден на дав спрата (бројте го за два).
   Метеж од млади луѓе желни да си поминат убаво. Да видат нешто од белиот свет. Да научат нешто ново.

   Тука се и фотоапаратите, или ... мобилните де, како сакаш речи ги. Мора да се слика се и при првиот бесплатен мрежен контакт со интернет да се залепи на Инстаграм.

Ви-фи. Фати? Кој е пасвордот? Има ви-фи ама нема интернет. Можам да пишувам на чет. Слики не можи спор е интернето.
Еве овие другиве клале слики...

   Шоферо вози. Малку е нервозен. Не му е погодена музиката, вревата, климата ...

   Децава снимиле песни на У-ес-бе.
   Се договориле сите да му пратат списоче со неколку омилени песни на еден ученик и тој да ги симни од интернет и да ги сними на у-ес-бе.
   Одлична идеја. Фер.

   Шоферо зад волано, радиото пред него, во радиото у-ес-бе-то, во у-ес-бе-то песните. Следат една по една. Живописни строфи.
   Чиниш сите светски поети плачат, скриени, затворени во своите соби се борат со себе си ... и никако не успеваат да напишат толку совршени стихови.

   Цеца: „Kао пас кад кост закопа“(како пес, кога ќе закопа коска)

   Министарке: „Дупли Џек место керозина и за трен летим до висина као Боинг 747“ (Дупли *Џек наместо керозин и за момент летам до височините како Боинг 747) *Ова Џек би требало да е Jack Daniel's виски

   Џеј: „Куда ти проџеш и црна земља поцрвени од срама“ (Кај што ќе поминиш и црната земја поцрвенува од срам)

...

И бидејќи беше хит во автобусот морам да напишам малку повеќе за Џек и Џони. Вели:

„Попило се ночас мама,(с’испијанивме ноќва мамо)
још једна зора изван града,(Уште една зора надвор од градот)
телефон мени стално звони, (Телефонот мене постојано ми ѕвони)
ал' није она,(Ама не е таа)
зову Џек и Џони (Ме бараат Џек и Џони)
Џек и џони,
џек и џек и џони
џек и џони,
џек и џек и џони
џек и џони,
џек и џек и џони
џек и џони,

Зову џек и џони (Ме бараат Џек и Џони)

   Запамтив толку... а имаше уште.

    Но, во ред. Екскурзијата не е за мене. Екскурзијата е за учениците и не сакам да им се мешам во нивниот вкус или невкус. Толерирав. А... и немав друг избор.
   Возиме кон Пиза. Сите сме изморени. Скоро сите спијат, освен јас и шоферот. (Барем така си мислев) Ај си помислив да пуштам некоја песна од У-ес-бе-то. Моето у-ес-бе со малку поинаква музика. Снимив прифатливи, певливи песни што некогаш беа хитови, а и денес се добри за слушање.
   Пуштам The Cranberries - Dreams. Свири 30 секунди. Од задниот дел на автобусот слушам некој штотуку полуразбуден женски глас: АААЈЈЈЈ нашето у-ес-бе пуштете го!!!!
   Шоферо не почека два пати да му се речи. Со задоволство го смени у-ес-бе-то. Пушта. Прва, втора, трета песна ... и ... Џек и Џони, Џек и Џек и Џони.

   Со текстов немам ништо против младите луѓе кои сакаат и слушаат таква музика. Можеби и јас да сум на нивна возраст ќе бидам ист како нив.
   Не треба да се чудиме зошто е тоа така.
   Пробав да го најдам одговорот кој го знам и без да го барам.
   На вечер по кафичине се пушта таква музика. На телевизија главна атракција се Пинк, Гранд ... На радио (ако некој и воопшто слуша) ужасен терор ...
   На интернет ... споделување, лајкнување ... шо да ти расправам.


Текстот е напишан во прилепска разговорна форма.
Текстот е личен став на проф. по историја Н.Богданоски.
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп се оградува од содржината и не презема одговорност за изнесените лични ставови на професорот.


Објавено на: 02 Мај 2018

 

Слични содржини



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија