МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Хемијата низ војните
(историјат на бојните отрови)

 

opasnost опасност

   Бојните отрови се вид на хемиско оружје соствено од токсични соединенија наменети за масовно убивање, онеспособување или заразување на луѓето, животните и растенијата.

   Според различните својства направени се неколку поделби на бојните отрови:

Според физиолошкото дејство:
•    загушливци
•    пликавци
•    надразнувачи
•    крвни и
•    нервни

Според делувањето:
•    краткотрајни (10-15 мин)
•    долготрајни (неколку сати, денови па и месеци)

Според токсичноста:
•    уништувачки
•    онеспособувачки и
•    вознемирувачки

   Во нормални услови (0 ° C и 760 mm Hg), бојните отрови  може да бидат во сите три агрегатни состојби. Во чиста состојба тие се претежно безбојни, а како технички производи, тие се претежно жолто-кафени до темни. Како гас, тие главно се безбојни, освен хлорот кој има жолто-зелена боја. Поголемиот дел од бојните отрови имаат карактеристичен мирис, некои пријатни, овошје (табун, соман), цветот геранија (луизит), јоргован (ксилилбромид), бадем (хипохлорна киселина),  додека други се издвојуваат со непријатен мирис на лук (арсен), на свежо косено сено или трева (фозген, дифозен), на рен, лук (иперит). Во повеќето случаи мирисот се чувствува пред токсичниот отров да го изрази својот физиолошки ефект, но тоа не мора секогаш да биде карактеристичен знак за присуство на хемиски отров, бидејќи нивниот мирис може да биде прикриен со додавање на други супстанции.


фриц Хабер
   Фриц Хабер (1868 – 1934) или „Таткото на хемиската војна“
го развил хлорот и другите бојни отрови во текот на Првата светска војна. Утврдил дека изложеноста на мали концентрации од смртоносен гас подолго време имале ист ефект како големи концентрации за кратко време. Тој ја бранел хемиската војна тврдејќи дека смртта е иста, со кое и било средство да се дошло до неа.
   Фриц Хабер е добитник на Нобелова награда за хемија во 1918 год за синтеза на амонијак за производство на вештачки ѓубрива за земјоделство и за експлозиви.
  Тој е од еврејско потекло поради што во 1933 год. морал од Германија да мигрира во Базел (Швајцарија). Во Втората светска војна, многу негови роднини во Холокаустот биле жртва на неговиот изум – Циклон Б  

фриц Хабер bojni otrovi  Фриц Хабер (покажува со прст) на Западниот фронт во Првата светска војна



Низ историјата


   Во стариот и средиот век биле употребуавни отрови во борбите а тоа било преку  потопување на врвовите од стрелите во природни отрови како едич, морски лук, буника  или во змиски отров. Отровни стрели биле користени и од двете завојувани страни во легендарната Тројанска војна, нападот на Александар Македонски на Индија, Пелопонеската војна, Пунските војни и други. Од вештачките отрови употребувани се соединенија на арсен, жива, загушливи чадови од сулфур. Покрај запаливо, грчкиот оган имал и загушливо дејство, а грчкиот прашак за кивање, кој бранителите на тврдината го пуштале на напаѓачите за време на припремата за јуриш, е добиен од сомелени исушени отровни билки.
   Во текот на 17ти век за време на опсадите, војските се обидувале да започнат пожари со подигнување на запаливи школки наполнети со сулфур, лисја, розина, терпентин, селитер и антимон. Дури и кога пожарите не биле започнати, чадот и испарувањата штетно делувале врз луѓето. Иако нивната примарна функција никогаш не била напуштена, се развиле различни полнила за школки за да се максимизираат ефектите од чадот.
   Современиот  поим за хемиска војна се појавил од средината на 19 век, со развојот на модерната хемија и сродни индустрии. Првиот предлог за употреба на хемиска војна бил направен од шкотскиот научник Лион Плејфер во 1854 година за време на Кримската војна. Тој предложил артилериски штит од какодил цијанид да го употребат против непријателските бродови како начин за решавање на „ќориот сокак” за време на опсадата на Севастопол, но предлогот бил одбиен и прифатен како лош начин на војување преку труење на непријателот.

Opsadata na Sevastopol Опсадата на Севастопол

Опсадата на Севастопол (Кримска војна 1853-1856)

   Крајот на 19тиот век со развојот на хемиската индустрија станува јасна опасноста од бојните отрови, па така на Хашката конвенција од 1899 се забранува нивната употреба.
   Конвенцијата први ја прекршиле германците, кои на 27 Октомври 1914 кај Нев Шапел користат 3000 гранати полнети со кивавецот динизидинхлоросулфонат. На 31 Јануари 1915 го користат солзавецот ксилилбромид против русите, а во март против французите.

кивавец kivavec

Ксилилбромид (иритирачко, солзавно дејство)


   Германците се обидуваат да го прекинат застојот во војувањето со масовна употреба на загушливиот гас хлор. Април, 1915 е пуштен во Белгија каде што резултатите од затруените французи биле неверојатни. На овој напад подоцна одговараат и силите на Антантата, со што почнува интензивното развивање и откривање на нови отрови и созадавње на гас-маски како противхемиска одбрана.

vesnik весник за бојните отрови

употреба на бојни отрови ви Првата светска војна

западен фронт бојни отрови употреба на бојни отрови во Првата светска војна

западен фронт дејство

Употреба на бојни отрови, Прва светска војна

употреба на заштитни гас маски

со заштитни маски во рововите заштитни маски за кучиња

заштитни маски за животни 1 заштитни маски за животни 2

Употреба на заштитни (гас) маски против бојните отрови, Прва светска војна



Познати бојни отрови

Хлор

   хлор во течна состојба   Гасовитиот хлор го надразнува системот за дишење и слузните жлезди, а во поголем дел од случаите предизвикува смрт.
   Војниците како заштита од хлорот користеле воленени чорапи натопени со урина, кои имале позитивен ефект за неутрализација на хлорот.

 

 

Иперит (Мустард гас)

 иперит боен отров Иперит Мустрад гас

   Загубите на Антантата од бојните отрови до крајот на војната се препишуваат, дури до 85% од случаите, на пликавецот иперит. Германците го употребиле иперитот на 12/13 јули 1917г. кај белгискиот град Ипер. Бил постојан на земјиштето и за заштита бил потребен заштитен костим, затоа што како пликавец, иперитот ја напаѓал кожата.

Mustard gas IPERIT пластична операција прва светска војна
plikovi iperit пликови иперит 

Фозген

фозген fozgen   Фозген е безбоен гас која на температура пониска од 8.2°C кондензира. Наречен е „Тивок убиец“ заради задоцнетото дејство.
Фозгенот има мирис на свежо искосена трева, а неговите ефекти се чувствуваат по 24 часа кога на белите дробови на оној кој го вдишил се создаваат пликови исполнети со течност.

fozgen plakat фозген плакат војници изложени на фозген

   Најчесто предизвикува слепило, малаксаност и смрт.
   Припаѓа во најтоксичните гасови кои се сретнуваат во индустријата. Први го употребиле французите

  Битола, преставувал и преставува еден од нејпознатите градови на Балканот кој во 1917г. станал втор град по бројот на бомбардирања, веднаш после францускиот град Верден. Градот бил нападнат со гранати повеќе од 13 пати, а на неколку пати тоа вклучувало и напад со бојни отрови.

Bitola Bitola Prva svetska vojna Прва светска војна

 

Луизит

   Луизитот во контакт со кожата предизвикува осипување, болка од горење и чешање. По 12 часа од изложеноста по кожата се содаваат големи пликови исполнети со течност

Луизит Luizit gas otrov отров  Луизит Luizit gas otrov отров

луизит luizit koza кожа

 


   По Првата светска војна, примената на бојните отрови е повторно забранета, но сепак италијанците со иперит напаѓаат на Етиопија, а германците ги пронашле нервните бојни отрови сарин и табун.
   Поради развојот на авијацијата, пред почетокот на Втората светска војна во економски помоќните земји во Европа се преземаат мерки за заштита на населението од делувањето на отровите.

подготовка за војна

деца со гас - маски

деца во заштитни костими

внимавај отров

Заштита од евентуална употреба на бојни отрови пред II Светска војна


Сарин

   Сарин го напаѓа нервниот систем и овозможува целосно опуштање на мускулите. По изложеноста на саринот, се јавуваат симптоми како потешкотии со дишењето, губење контрола над телесните функции, повраќање и мокрење.

сарин убиец на нервите

   Саринот е наречен „Убиец на нервите“ Без примање на одереден третман или противотров за сарин, можат да се добијат трајни последици како парализа или смрт.

Табун

Табун гас Tabun gas poison tabun

   Табун спаѓа во групата на отрови кои го напаѓаат нервниот систем и изложеноста на табун предизвикува слични симптоми како и саринот. Тој е токсичен дури и во мали дози, а ефектот на неговата изложеност е побрз кога тој е примен преку вдишување или како течност преку очите отколку преку кожата. Вдишена смротоносна доза убива за 1-10 минути.

Соман

soman soman otrov - gas Соман гас

   Соман има ефекти слични како сарионот. Прв забележителен знак е миозата, а подоцна и повраќање, екстремни болки во мускулите и проблеми со периферниот нервен систем.

 


   Германија во Втората светска војна произведила 10 тони сарин, но никогаш не ги употребила. Советниците на Хитлер го предупредиле дека и Англија и Америка, кои имале масовни залихи на иперит, можеле да возвратат со хемиско оружје. За време на Холокаустот, геноцидот извршен од нацистичка Германија, милиони Евреи и други жртви беа отруени со јаглерод моноксид и водороден цијанид. Ова останува најсмртоносната употреба на отровен гас во историјата.
    Сепак, нацистите воопшто не користеле хемиско оружје во борба, барем не против западните сојузници. Нацистите ги користеле затворениците од концентрираниот логор за да ги тестираат нервните отрови врз нив.

циклон б отров Zikoln b otrov

   Империјалната јапонска армија често користела хемиско оружје во војната, но не и против западните сили бидејќи се плашеле од одмазда.


Прв пат по Втората светска војна, напад со хемиско оружје бил евидентиран во Северен Јемен.

 

VX и BZ отрови

   САД го произведува VX нервниот отров од 1961 година.
   Во војната во Виетнам, САД користи BZ отрови за онеспособување и иритација. Според некои податоци, 146.000 луѓе биле затруени само во 1965 година во Виетнам, како жртви на употребените бојни отрови.

VX gas Veiks Ве икс гасови

VX - екстремно токсичен нервен агенс кој е откриен при истражување на пестициди

 бојни отрови во ВиетнамАвијацијата на САД во Виетнам


   Бојните отрови се употребувале во поголема или помала мера во скоро сите повоени судири, а се користат и сега во конфликтните подрачја.
   Најнови случаи на употреба на саринот, иперитот и хлорот беа во сириската граѓанска војна, што доведе до меѓународна реакција. Во четири случаи инспекторите на ОН ја потврдија употребата на сарин. Во август 2016 година, доверлив извештај на Обединетите нации ја обвини сириската војска на Башар ал Асад за пуштање на хемиско оружје (хлорни бомби) во градовите Талмени (2014) и Сармин (2015) и ИСИС за користење на иперит на градот Мареа во август 2015 година.

бојни отрови Сирија Sirija bojni otrovi

Deca vo sirija bojni otrovi

Deca vo sirija zrtvi na bojni otroviПоследици од употребата на бојни отрови во Сирија
 



ПОСЛЕДИЦИ ОД УПОТРЕБАТА НА ОТРОВНИТЕ ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИ
(бојните отрови)

   Ефектите од хемикалиите може да траат само кратко време, или може да резултираат со трајна штета и смрт. Хемикалии се токсични (отровни) за луѓето, за животните и за  растителниот свет. Во некои случаи, вообичаено безопасни хемикалии исто така се користат за да се оштети околината на непријателот. Ваквите постапки се нарекуваат екоцид и се еден начин за нарушување на економскиот систем на непријателот. Намерното депонирање на големи количини сурова нафта на копно или во океанот е пример за екоцид.
   Хемикалиите ги користат во војните за предизвикување на масовни жртви на непријателот, но сепак постои и одреден ризик и за страната која ги користи хемикалиите.  Пример тринитротолуол или ТНТ, претставува закана за животната средина поради неговата перзистенција и способноста на хемиските елементи кои ги содржи лесно да влезат во подземните води.
   Големи количества хемиско оружје по Втората светска војна биле распоредени во морињата и океаните ширум светот, што се чинело дека е најбезбедно и најевтино решение. Договорот бил постигнат меѓу Труман, Черчил и Сталин во 1945 година во Потсдам, Германија. Едно од европските мориња, кое станало гробишта за хемиско оружје, е Медитеранот (Средоземното море), во водите пред брегот на Корзика, а опасниот товар е исто така депониран во Јадранското Море, од италијанската страна, пред бреговите во близина на градовите Бари и Молфета.
   Што се случува во Европа, рибарите од делови од Балтикот и Јадранското Море често извлекуваат во мрежите чудни раси „отровни катастрофи“, или нивниот улов е придружуван од ужасна смрдеа што ги надразнува очите, ја вцрвенува кожа или предизвикува губење на свеста. Со текот на времето, „подводното оружје“ почнува да корозира и има голема веројатност дека неговата содржина, различните отрови, протекуваат и влијаат на животната средина и на живиот свет, но што точно има под морето, во кои количини и како тоа дејствува - всушност, недоволно се знае.

морското дно

   Според информациите кои се познати, на морското дно се наоѓа хемиско оружје кое ги вклучува нервните агенси соман, сарин и табун, кожните бојни отрови, крвните и слично.

08.11.2017
Тошеска Симона


Објавено на: 12 Ное 2017

 

Слични содржини



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2017
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија