MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

НЕШТО ЛИЧНО

ИНТЕРВЈУ СО МАРИО АНГЕЛЕВСКИ

   Успесите на учениците во гимназијата континуирано продолжуваат. Пример за тоа е ученикот Марио Ангелевски од III-3 клас, кој непобедливо реди успеси во музиката. Со освоените музички награди, своите музички видеа и несомнено големиот талент, Марио е гордост на гимназијата. Во продолжение дознајте нешто повеќе за неговата љубов кон музиката и неговите постигнувања.

1. Очигледно е дека музиката е твојата најголема љубов. Од кога кај тебе се појави желба за пеење?
- Добро сте забележале околу мојата најголема љубов. Со музика се занимавам од многу мал, а со активно пеење во последниве 2-3 години.

Марио Ангелевски со гитара

2. Од кого го наследи  талентот?
- Талентот за музика дефинитивно го имам добиено од мојот татко кој е поранешен тапанар. А талентот за пеење јас велам дека е дар од Бога на кој многу му благодарам што одлучил вака да ме награди.

3. На кои музички фестивали имаш учевствувано ?
- До сега сум учевствувал на 2 фестивали. Сум учевствувал на Гим фест, вториот фестивал беше Кавер фестивал.

4. Дали имаш освојувано награди,и ако имаш, какво е чувството после тоа?
- До сега сум освоил 2 награди, едната на Гим фест 3то место и 2ро место на Кавер фестивал. Искрено кажано обожавам да освојувам награди хаха. На Гим фест не очекував награда па затоа радоста беше во голема количина, за разлика од Кавер фест на кој очекувано ја зедов наградата. Нормално дека и на вториот фестивал бев многу среќен  но умерено.

Марио Ангелевски

5. Во последниве денови актуелни се твоите две музички видеа. Како се одлучи за снимање, кој те поддржуваше и кој ти помогна во остварувањето на замислената цел?
- Како што е веќе познато заедно со мој другар и соученик Давид Јакимов уште пред  2 годни почнавме да изработуваме кавери на песни. Мислев дека не е доволно да се снимаме така народски речено „по дома“, па одлучив да го запознаам народот со моето така да речам друго лице, да покажам дека јас знам нешто повеќе, со еден збор да го презентирам она најубавото од мене. За реализација се разбира ми помогнаа родителите ,исто така како поддршка беа тука и пријателите а и дел од професорите кои добро ме познаваа. За реализацијата морам да се заблагодарам на основното музичко училиште во Прилеп, домот на култура Марко Цепенков и се разбира најголема благодарност  до мојот пријател Христијан Конески кој се потруди видеата да изгледаат онака како што се сега.

6. Раскажи ни како изгледа снимањето на едно видео?  Колку време ти требаше и како изгледа целото искуство за тебе?
- Снимањето на едно видео би рекол дека е навидум  лесно и едноставно но навистина е тешко и исцрпувачки за изработка. За изработка ми беше потребен период од  еден месец. Во изработката се состојат:  подготовки, студиска снимка и изработка на видеото.  Како искуство за мене претставува голем чекор кон мојата цел во животот и една скала погоре.

7. Кои се твоите планови за во иднина?
- Обично јас сум човек кој гледа повеќе на сегашноста затоа не би можел конкретно да кажам, би рекол само времето ќе покаже. Се разбира дека сакам да бидам музичар, со тоа би го живеел сонот. Се разбира дека еден ден секој човек би поскал љубовта да му премине во работа, да го прави она што го исполнува. Засега би сакал да продолжам со изработка на кавери, сакам да учевствувам и на некои талент шоуа и да пробам да направам од себе она што ми е замислено.

8. Што би им порачал на оние кои се занимаваат со музиката и ја сакаат, но се несигурни да донесат одлуки кои би ги однеле до  успехот?
- Јас мислам дека сеуште не сум доволно надарен да давам препораки бидејќи имам само 16 години но како еден од љубителите само би кажал: Ако сакаш нешто,почни да остваруваш без разлика колку изгледа тешко. Без разлика колку изгледа тешко да бидеш добар музичар во нашето општество пробај да го смениш тоа. Ако се чувствуваш доволно добар и сигурен во себе пробај да им докажеш на другите што е добро и ако нешто ти пречи не избегнувај го туку промени го како тебе ти одговара. Инаку патот  уште не сум го пронашол но би сакал да го најдам и да тргнам по него.

9. Ти посакуваме и оваа година да ти биде успешна како и минатава, да видиме уште многу твои музички видеа, па очекуваме и една лично твоја песна. Ти благодариме за одвоеното време.
- Ви благодарам и вам за посветеното внимание и за искрените честитки.
- Поздрав ... И ... до следниот разговор.

 


Интервјуто го водеа Бисера Мицеска и Елена Ѓорѓиовска III-1 клас
31.01.2015

Ќе те интересира и:

Хемијата низ војните
Хемијата низ војните
Гимназијалки на едукативна работилница во Петница
Гимназијалки на едукативна работилница во Петница
ЕСО - камп по астрономија
ЕСО - камп по астрономија
Нешта за кои не знаевме
Нешта за кои не знаевме
Гимназијалец на проект во Шпанија
Гимназијалец на проект во Шпанија
Четири златни медали за нашите гимназијалки
Четири златни медали за нашите гимназијалки
Интервју со Климентина Ѓорѓиоска
Интервју со Климентина Ѓорѓиоска
Trash Fashion
Trash Fashion
Изложба на Давид Дамјаноски
Изложба на Давид Дамјаноски
На децата треба да им се чита
На децата треба да им се чита
Криза на читањето
Криза на читањето
Разговор со Елеонора
Разговор со Елеонора
Уништување на шумите
Уништување на шумите
„Стравови“ - збирка поезија од Христина Ангелеска
„Стравови“ - збирка поезија од Христина Ангелеска
Горка Љубов
Горка Љубов
Непребол
Непребол
Поле со глуварчиња
Поле со глуварчиња
Ти и јас
Ти и јас
„Demons“ - Imagine Dragons - Mario Angelevski Cover
„Demons“ - Imagine Dragons - Mario Angelevski Cover
Интернетот, предизвик или придобивка на новото време
Интернетот, предизвик или придобивка на новото време
„Остани“ од Елена Атанасоска
„Остани“ од Елена Атанасоска
Мафијата носи штикли
Мафијата носи штикли
Цртан филм
Цртан филм
Вино
Вино
Земјата на моето постоење
Земјата на моето постоење
Песна без наслов
Песна без наслов
 
 

Гимназијата на:

 
 
Оди најгоре