MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

НЕШТО ЛИЧНО

Mafijata nosi stikli

Мафијата носи штикли

 

Лица:

Бјанка Рина

Џина Салерно Рико

Лучија Риналди

Франческа Гаравино

 

Сцена 1

(Сицилија, дневна соба во домот на Лучија)

Бјанка: Оној маж кој не поминува доволно време со своето семејство не е вистински маж

Лучија:Дон Корлеоне... класика

Џина:И целосна вистина

Сите: За жал

Франческа: Се омажив за маж а живеам сама

Џина: Убиство

Франческа: Да се убиеме?

Бјанка Џина Лучија:Да ги убиеме

Франческа: Но, не можеме

Бјанка: Ако нешто во животот е сигурно, ако историјата не научила нешто, тоа е дека можеш да го убиеш кого сакаш

Лучија: Дон Корлеоне... класика. Се прашувам што ли зготвила Ана Селена за вечера

Џина:Зар мислиш дека твојот драг Марчело ке се врати за вечера?

Лучија: Мислам дека...

Франческа: Немој... Да мислиш. Тоа е лоша работа

Бјанка: Кога мислам на мојот Салваторе, кој е во Чикаго, а јас сум овде, во Сицилија, сама, а тој е таму, а јас сум овде, а треба да бидам со него, сфаќам дека никогаш нема да си дојде за вечера на време.

Џина:Мислам дека ти треба виски

Франческа: Немој... Да мислиш

Бјанка: Не мислам дека ми треба виски знам дека ми треба виски, ама виски нема, а знаете зошто нема виски? Оти нема пари. А знаете кај се парите? Кај господата наши

Лучија: Па би можеле да бидат и кај нас

 

МРАК

Сцена 2

 (Куќата на Бјанка)

 

Франческа: Последната голема зделка на мојот Ентони беше во август
Лучија
: Значи пред четири месеци

Фрначеска: Тогаш буџетот ни се зголеми за 3 милиони. Половина од нив вложи во партнерството со Сиу Јанг. Неговата куќа во Пекинг е толку голема што ми требаше мапа за да појдам во спалната

Џина: И колку пари добивте од кинезот?

Франческа: Двојно повеќе

Лучија:Вложивте 1 и пол милион. Двојно е 3 милиони + еден миллион и половина од пред тоа, вкупно 4 и пол милиони.

Бјанка: Од соработката со Џоакино, мојот Салваторе доби два милиони. Тие се сеуште недопрени. Алесандро ни го врати долгот од 940 000, а други 5 милиони пред два месеци ни беа префрлени од банката во Швајцарија.

Џина: И каде се сега тие пари?

Бјанка: 370 000 се пратени вобанката во Лондон. 400 000 се платени за данок за недвижнини. 1 630 000 носи тој во Чикаго. Значи, во сефот остануваат 1 600 000 + 2 940 000, вкупно 4 540 000

Лучија: Салваторе и Ентони заедно во сефот имаат 9 040 000

Франческа: Звучи задоволително

Лучија: Јас потрошив 150 000 за мојата нова бунда, 600 000 за 24 каратната огрлица, со тоа заштедив 200 000 за дијамантскиот прстен кој го добив гратис...

Бјанка Џина Франческа: Лучија

Џина: Се обидуваме да го ограбиме мажот ти а не тебе

Лучија: А... Од 7 900 000 1 милион потроши за мојот роденден,900 000 потрошивме за уредување на дворот

Бјанка: Добро, вие вложувате во нешто корисно или само во ситнурии?

Лучија: 1 300 000 вложи за цигарите да преминат на граница без проблем. Од тоа добивме ... 3 милиони. Потоа мојата сестра банкротира, и помогнавме со симболична сума од 800 000. Нас ни останаа 8 милиони во сефот. А како е кај вас Џина? Џина?

Џина: Па додека вие се мачевте да пресметувате јас се јавив кај нашиот сметководител, по долго убедување се согласи да ми кажи колку пари имаме од последните зделки.

Франческа: И? Колку имате?

Џина: А... 7 300 000

Бјанка: Вкупно во сефот има 24 340 000

Лучија: Шопинг! Чизмите од Долце & Габана, фустанот од Версаце! Три вечери го сонувам...

Бјанка Џина Франческа: Лучија...

Џина: Парите сеуште не се наши

Лучија: Никогаш не штети ако се испланира однапред

Џина: Но, не ид а се потрошат парите!

Франческа:Не заборавајте дека ќе има последици

Лучија:Ќе има последици? Ќе нема шопинг?

Бјанка Џина Франческа: Лучија...!

Џина: Па има само ЕДЕН начина да се решат: Или ќе заминеме во странство или ќе се соочиме со нив!

(импресионирана од тоа што го кажа)

Бјанка: Сега сфаќам зошто му се јави на сметководителот за да ти пресмета...

Лучија: А за последиците да мислиме кога ќе се појават?

(трите потврдно климаат со главите)

Бјанка: И третата точка на овој состанок е...

Џина Лучија Франческа:Планот!

Бјанка: Џина, сефот е во вашата куќа

Џина: Да, во работната соба на Џони

Бјанка: Дали некако можеш да ја погодиш комбинацијата на сефот?

Џина: Исто колку што и вие...

Лучија: Значи шансите ни се еднакви на нула

Франческа: Треба да користиме посебно оружје

(вади прибор за маникир)

Џина: + треба да набавиме чекан, штрафцигер, клешт и се што ќе најдеме во гаражата ќе ни биде корисно

Лучија: Соседите да си легнат, слугинките да заспијат, сообраќајот да се намали, светлата да се изгаснат, најнезабележителни сме во вечерните часови

Бјанка: Џина, дај ми го планот од вашата куќа.

(Џина вади мапа и ја става на маса)

Џина: Ќе влеземе од вратата за послугата. Тие ќе бидат запани, така ќе го избегнеме стражарот од предниот влез

Франческа:А зошто ти не си влезеш од главниот влез како и обично? Сепак си дома

Џина:Зошто јас не се сетив на тоа? Значи планот останува за вас

Франческа:Ќе се движиме од овај ходник до детската соба и од тука...

Бјанка:Сепак сметам дека е посигурно ако поминеме од другата страна, затоа што овде се сите спални и сите "спијат" тука

Лучија: Во право си. Така и побрзо ќе стигнеме до скалите. Тука ќе се сретнеме со Џина и ќе се упатиме кон работната соба

Џина:Тука ќе не чека нашата светла иднина

Франческа: Веќе си го замислувам отворениот сеф

Бјанка: И парите што ги држам в раце

Џина:И златото што ќе го стопиме кај Камилио

Лучија: И фустанот од Версаце

Бјанка: Добро дами, да го заклучиме овој состанок

Лучија: А како ни се вика мафијата?

 

МРАК

Сцена 3

(Бјанка го прегледува списокот)

 

Бјанка: Келшта

Лучија: Тука

Бјанка: Чекан

Франческа: Тука

Бјанка: Кутија со штрафцигери

Џина: Тука

Бјанка: Шублер

Франческа:Тука

Бјанка: Прибор за маникир

Џина: Тука

Бјанка: Не е задолжително.

Лучија: Тука

Бјанка: Се е проверено

Џина: Тука (се засрамува) Не ви е жал што ќе ги ограбиме?

Лучија:Навистина сепак ни се мажи

Франческа: Да ги ограбиме за нив е потешка казна и од смртта

Џина: Па ајде да бидеме фер...

Лучија: ... Иако не заслужуваат

Бјанка: Ќе ги известиме. Бидете потивки, ќе го пуштам на звучник за сите да слушаме. Сигурно четворицата се заедно (ѕвони по телефон)

Џина: Се надевам САМО четворицата

Глас од телефон:(во позадина се слуша песната “Америцан Боѕ”. Заводливо) Хелло

Бјанка: Тото?!

Глас од телефон: Бјанка? Ти си?

Бјанка:Како си драги? Како е на состанок?

Глас од телефон: Мнооооогу здодевно! (тогаш се слуша гласно смеење)

Бјанка: Верувам, а како се другите?

Глас од телефон:Сите се како полузаспани. Ми недостасуваш драга...

Бјанка:За друго се јавив

Глас од телефон: Ќе станам татко?

Бјанка: Можеби некогаш ако се прибериш дома... Ти се јавив за да му преннесиш на другите дека ќе ве ограбиме

Глас од телефон: Повтори

Бјанка: Ќе ве ограбиме

Глас од телефон:(се смее)А да ви испратиме оружје? Или подобро земи го од фиоката од мојата работна соба, ќе ви се најдат

Бјанка: Фала, можеби ќе ги искористиме на непослушните.(оди во другата соба и носи пиштол) Ги предупредивме

Џина: Ве чекам вечер

 

МРАК

 Сцена 5

 (Темница. Четирите жени се свртени на кај белото платно. Во ист момент се палат летрици и на платното се појавуваат четири светли точки, рамномерно распоредени. Веднаш потоа се палат светлата и во истиот момент четирите се вртат на кај публиката. Го креваат куферот со алатки и се распоредуваат сите на свое место. Тогаш настанува хаос за публиката. Алатите се фрлаат од една жена на друга, се додека не се најди алатот што ќе го отвори сефот. Фрлањето на алатите е испланирано и прецизно.)

 

Лучија: Каде е?

(Лучија, Франческа и Џина се погледнуваат меѓусебно, а потоа и Бјанка)

Бјанка: (ги погледнува нив, па куферот, па публика) Го нема

(жените почнуваат тивко да паничат. Џина си ја мести косата)

Франчека: Не е време да си ја местиш косата

(Џина и подава на Лучија копче. Лучија е скептична но пробува да отклучи. Момент на исчекување. Не успева. Го фрла копчето.)

Лучија: Ова не оди вака (Вади пиштол и пука во сефот. Пробува да го отвори и успева. На лицата им се забележува среќа. Брзо ги ваддат парите и ги сместуваат во куферите.)

 

МРАК

Сцена 6

 (Аеродром. Со куфери и насмеани лица излегуваат четирите жени, спремни да ја напуштат Италија. Во еден момент Лучија застанува и почнува да се треси како да е крај на светот)

 

Франческа: Лучија?

Џина: Што ти е?

Бјанка: Што се случи?

Џина:Лучија ќе задоцниме. Зар се премисли? Те молам, конечно сме слободни!

Лучија: Не можам да заминам

Џина: Секако дека можеш! Ајде ова е крајот! Успеавме Конечно сме богати и слободни. Биди храбра

Лучија:Не можам...

Франческа: Лучија... На сите ние е тешко, но сами вака одлучивме. Ќе ни биде подобро

Лучија: Не можам да го оставам, сите мои соништа се поврзани со него...

Џина: Но тој не те заслужува! Ќе најдеш многу подобар. Да одиме!

Лучија: Сепак не можам да го оставам...

Франческа: Но штотуку го ограби!

(кратка пауза)

Лучија:Не го ограбив!

Бјанка: Да, го ограби!

Лучија: Не го ограбив, тој е сеусте таму, недопрен...

Џина: Кој?

Франческа: Каде?

Лучија: Фустанот на излогот во Версаце!

Џина: Ама Лучија...

Лучија: Нема шанси! Кај ќе најдам таков?

Франческа:Ама Лучија...

Лучија: Не ме интересира!

Франческа: Одиме во Париз!

Лучија: Париз? Па што чекате уште? Ајде побрзо ќе замине ави... А дали имаме доволно пари за шопинг во Париз?

Бјанка: Најбогат човек е оној кој има најмоќни пријатели

Лучија: Дон Корлеоне... класика (заминуваат)

 

МРАК

 

Сценарио и режија:

Колективна: Ангела Кочоска, Марија Талеска, Теодора Костадиноска и Ангела Попоска

 

Преставата е играна на фестивалот на кратка драма „Гола Сцена“ во организација на Младинското Драмско Студио од Прилеп (сега театар Чин 4 Сцена 5) во декември 2009 година во следниот состав:

 

Бјанка Рина – Ангела Кочоска

Џина С. Рико – Теодора Костадиноска

Франческа Гаравино – Марија Талеска

Лучија Риналди – Ангела Попоска

Со гласот на Христијан Тодороски како Салваторе „Тото“ Рина

Ќе те интересира и:

Хемијата низ војните
Хемијата низ војните
Гимназијалки на едукативна работилница во Петница
Гимназијалки на едукативна работилница во Петница
ЕСО - камп по астрономија
ЕСО - камп по астрономија
Нешта за кои не знаевме
Нешта за кои не знаевме
Гимназијалец на проект во Шпанија
Гимназијалец на проект во Шпанија
Четири златни медали за нашите гимназијалки
Четири златни медали за нашите гимназијалки
Интервју со Климентина Ѓорѓиоска
Интервју со Климентина Ѓорѓиоска
Trash Fashion
Trash Fashion
Изложба на Давид Дамјаноски
Изложба на Давид Дамјаноски
На децата треба да им се чита
На децата треба да им се чита
Криза на читањето
Криза на читањето
Разговор со Елеонора
Разговор со Елеонора
Уништување на шумите
Уништување на шумите
„Стравови“ - збирка поезија од Христина Ангелеска
„Стравови“ - збирка поезија од Христина Ангелеска
Горка Љубов
Горка Љубов
Непребол
Непребол
Поле со глуварчиња
Поле со глуварчиња
Ти и јас
Ти и јас
„Demons“ - Imagine Dragons - Mario Angelevski Cover
„Demons“ - Imagine Dragons - Mario Angelevski Cover
Девојката од хартија
Девојката од хартија
Интернетот, предизвик или придобивка на новото време
Интернетот, предизвик или придобивка на новото време
„Остани“ од Елена Атанасоска
„Остани“ од Елена Атанасоска
Мафијата носи штикли
Мафијата носи штикли
Цртан филм
Цртан филм
Вино
Вино
Земјата на моето постоење
Земјата на моето постоење
Песна без наслов
Песна без наслов
 
 

Гимназијата на:

 
 
Оди најгоре