MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

НЕШТО ЛИЧНО

НЕПРЕБОЛ

   Револуционерите сметаат дека нивната судбина е запишана. . .
   Дека секое нивно дело е плод на пожртвуваноста. . .
   Дека она што можат да го направат е за доброто на својата земја. . .
   Навраќањето во минатото е посилно од нас. Тоа е како маѓија што не тера и денеска да рошкаме во пепелта на „Бесповратната убавина“.
   Дневниците водени од командантите даваат автентични податоци за војната и револуцијата. Тие не само што се рамка во која се вградени доживувањата, душевните немири, туку и бранувањата на неколку борци – херои. Револуцијата била величeнствена пресвртница во сите нишки на општеството и на човекот во него. По силата на дејствието на нејзините закономерности кај секој поединец потиснувала се она што може нејзе да и служи, а од секого барала да и го подари највредното што го поседува, во прв ред човештината, животот. За маѓичната моќ на Војната и Револуцијата во едно интервју се вели: „луѓето ја чистеа душата во огновите на Војната, та блескотеше витешката човекова убавина... “ Не смее и не може да се заборави она што било. Ние, денес, во името на достоинството и почитта, во името на мугрите и светлината на минатото на едно време: на непокор, затвори, пепелишта, бесилки, маршеви, офанзиви, боишта, стоиме пред спомен обележјето на човекот, на херојотот, кој како борец имал само 27 години кога загинал, а што е дел од тоа време – Мирче Ацев. Зборуваме за моралниот лик на херојот, тешкотиите, за страдањата кои ги претрпел. Него го хранеше борбената химна, песната за истрајност цврстата волја за слободата. Издржуваше, бидејќи го имаше најсилното оружје – љубовта кон сопствената земја, кон човекот. Татковината  му беше неговата немирна душа, слободата неговиот здив, а среќата денешната иднина.

Македонијо,
Ти не си име прочитано од книга,
Ни збор чуен од дедовци,
Ти си:
Крв, коски и отров
Крв, коски и мајчино млеко. . .

   Во најтешките моменти  песнава го храбреше, го убиваше стравот, го подигаше за момент изгубениот морал и секогаш беше „крик на пркосот и верата“. Мирче Ацев имаше голема љубов кон земјата, родната земја, слободата која не ја дочека, но за неа пожртвувано се предаде, немоќен, скршен, ту попуштајќи и на смртта, ту совладувајќи ја. Беше скромен, самокритичен, храбар, со мисли отворени и чисти. Неговите дела се само мигови на животот. Едно дело, една повест. Повеста на делото е запишно во историјата и вечноста. Исконскиот вруток на животот уште еднаш ја покажа својата скриена чистота која блика од корените на постоењето, од праизворот на егзистенцијата. Доближување до муграта, се насетува пулсот на борецот, ја доживуваме трагиката на нашиот јунак. Како ерупција што бликнува од вулканот така одѕвонува животот на херојот отворајќи му нови патишта на денот. Се е како во сон. Но, сонот овојпат беше јаве. Слободата беше тука, можe да се почуствува, да се
види. Ореол на чистота на душата и свежина на убавина. Победата пулсира во нашата крв.

   Како што девојката му се радува на цветот кога е во нејзините коси, така и ние и се радуваме на нашата убава и златна слобода.
Крвавото минато остави  големи траги во сеќавање. Раните од борбата се непреболни. Сеќавањето за Мирче Ацев, херојот кои падна за слободата, борецот што не сакаше нашиот народ да биде притиснaт со синџирите на ропството е се уште свежо и не може толку брзо да се заборави. Затоа денес кога во нашата земја грее сонцето, се сеќаваме  на него.

Мирче Ацев Стојам пред твојата биста.
Во раката стискам роза. Во мугрите рано ја скинав.
И еве, тебе нежно ти ја подарувам.
И се прашувам: „Кој ли ја зеде младоста твоја? Кој ли се осмели младоста да ти ја открадне – проклет да е ! “
Нешто си замислен, а во твоите очи гледам како жар да гори. Ти ги читам мислите, другар мој сакан, а од очите потекуваат солзи по тебе.
Знам не можеш да ја видиш птицата што прелетува и убава песна ти пее. Не го чуствуваш ветрето што те милува.
Другар, твојата недопеана младост не ја дочека пролетта исполнета со љубов. Сонцето како витез на коњ исчезнува зад далечните брегови. Ноќната пеперутка го прекрива небото  со ѕвезди што те милуваат. Без тебе муграта тажно осамнува. Тажно е без тебе хероју мил.
Но, горди сме што те имавме тебе. И, гледај розата солзи по тебе рони.
Сонцето изгрева и за тебе убава песна насекаде се пее...
Благодарение на она што го имаме ти праќаме поздрав цветен од срцата наши сплетен.

Милена Трајкоска

Ќе те интересира и:

Хемијата низ војните
Хемијата низ војните
Гимназијалки на едукативна работилница во Петница
Гимназијалки на едукативна работилница во Петница
ЕСО - камп по астрономија
ЕСО - камп по астрономија
Нешта за кои не знаевме
Нешта за кои не знаевме
Гимназијалец на проект во Шпанија
Гимназијалец на проект во Шпанија
Четири златни медали за нашите гимназијалки
Четири златни медали за нашите гимназијалки
Интервју со Климентина Ѓорѓиоска
Интервју со Климентина Ѓорѓиоска
Trash Fashion
Trash Fashion
Изложба на Давид Дамјаноски
Изложба на Давид Дамјаноски
На децата треба да им се чита
На децата треба да им се чита
Криза на читањето
Криза на читањето
Разговор со Елеонора
Разговор со Елеонора
Уништување на шумите
Уништување на шумите
„Стравови“ - збирка поезија од Христина Ангелеска
„Стравови“ - збирка поезија од Христина Ангелеска
Горка Љубов
Горка Љубов
Непребол
Непребол
Поле со глуварчиња
Поле со глуварчиња
Ти и јас
Ти и јас
„Demons“ - Imagine Dragons - Mario Angelevski Cover
„Demons“ - Imagine Dragons - Mario Angelevski Cover
Девојката од хартија
Девојката од хартија
Интернетот, предизвик или придобивка на новото време
Интернетот, предизвик или придобивка на новото време
„Остани“ од Елена Атанасоска
„Остани“ од Елена Атанасоска
Мафијата носи штикли
Мафијата носи штикли
Цртан филм
Цртан филм
Вино
Вино
Земјата на моето постоење
Земјата на моето постоење
Песна без наслов
Песна без наслов
 
 

Гимназијата на:

 
 
Оди најгоре