MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

НЕШТО ЛИЧНО

остани со мене

ОСТАНИ

Остани...
Кога ќе научам да те пораснам
и кога ќе научам да не ти се лутам
дури ме тргаш за прцлињава.

Остани и кога не сакам да те разберам,
и кога ми се лутиш оти сум била комплицирана,
остани за да се нишаме на нишалки
и да бидеме деца какви што навистина сме,
остани и кога ќе сум најжива
и најдосадна
и расплакана
и секаква каква не си навикнал да ме гледаш.

Остани и кога не ти кажувам ништо,
оти се плашам да проговорам,
оти знам колку сум глупава пред тебе
и колку сум сакана со тебе,
остани и ако ти кријам цел свет во себе
и кога не знам да лажам,
остани и учи од мене, повеќе од што научив јас од тебе.

Остани...
Да ме гледаш дури го пијам кафево горко
секое утро смешкајќи се да ми ја соголиш душава
како што ми го соголи телото
дури и подобро
и повистински.

Остани...
Да ја избркаш едноставноста од ова нештово, и дај и смисла,
натерај ме да ти пишувам како што не сум му пишувала никому.
Остани дури и кога те бркам, кога не ми требаш, кога не те сакам,
остани и сакај ми ја слободава со сето свое сивило и црвенило.

Остани...
За да патуваме заедно со другар ти и другарка ми,
оти за нас сите доволен ќе ни е по еден ранец на грбот
и соништата прибрани во него.

Остани за да го нахраниш детското во мене,
остани и натерај ме да облечам бело за прв пат,
па ќе танцуваме заедно, многу подобро од последниот пат,
многу подобро од што некогаш сме танцувале.

Остани и ако не знам да готвам,
кога ќе ја обојам косава портокалова
и ќе ми никнат кадрици низ неа,
остани и кога ќе си ги изгубам навикиве,
за да ми помогниш да си ги повратам
и да научам да си ги сакам
оти тие ти прават  мене да ме сакаш.

Остани и среди ми ги мисливе...те молам.

Остани..кога ќе ми се измени стомакот,
за да го изгледаме заедно животот
кој се превртува во утробата моја.

Остани,
па заедно ќе го најдеме рајот кога ќе ми се смири душава
кога ќе дојди нашето затишје пред бура.

Остани...кога ќе ми провиснат перничиња под очиве,
кога ќе ми се прошират зенициве од премногу читање
и кога ќе ми попадни косава,
а детското во мене ќе царува само во очиве.

Остани...
да ме гледаш кога ќе престанам да зборувам,
кога ќе ме навјаса болеста
и ќе мораш да научиш да ме порасниш
...до наредниот живот.

Остани и кога ќе прекинам да пишувам,
па научи ти да пишуваш место мене...
оти мораш...
оти мораш да научиш да постоиш и за мене колку и за тебе.

Остани за да ми поклониш цвеќе и тогаш кога ме нема,
како што правеше дури бевме деца.

Остани...
како што остана во минатиот живот оти во овај не ни било судено.

Биди тука и во следниот,
за да го гледаме заедно како ги поместува границите на пропаста и убавото.

Остани оти сум јас таа и ти си тој,

дури и кога ќе се заборавиме,

дури и кога ќе се изгубиме,

дури и кога ќе стивниме.

Елена Атанасоска

Ќе те интересира и:

Хемијата низ војните
Хемијата низ војните
Гимназијалки на едукативна работилница во Петница
Гимназијалки на едукативна работилница во Петница
ЕСО - камп по астрономија
ЕСО - камп по астрономија
Нешта за кои не знаевме
Нешта за кои не знаевме
Гимназијалец на проект во Шпанија
Гимназијалец на проект во Шпанија
Четири златни медали за нашите гимназијалки
Четири златни медали за нашите гимназијалки
Интервју со Климентина Ѓорѓиоска
Интервју со Климентина Ѓорѓиоска
Trash Fashion
Trash Fashion
Изложба на Давид Дамјаноски
Изложба на Давид Дамјаноски
На децата треба да им се чита
На децата треба да им се чита
Криза на читањето
Криза на читањето
Разговор со Елеонора
Разговор со Елеонора
Уништување на шумите
Уништување на шумите
„Стравови“ - збирка поезија од Христина Ангелеска
„Стравови“ - збирка поезија од Христина Ангелеска
Горка Љубов
Горка Љубов
Непребол
Непребол
Поле со глуварчиња
Поле со глуварчиња
Ти и јас
Ти и јас
„Demons“ - Imagine Dragons - Mario Angelevski Cover
„Demons“ - Imagine Dragons - Mario Angelevski Cover
Девојката од хартија
Девојката од хартија
Интернетот, предизвик или придобивка на новото време
Интернетот, предизвик или придобивка на новото време
„Остани“ од Елена Атанасоска
„Остани“ од Елена Атанасоска
Мафијата носи штикли
Мафијата носи штикли
Цртан филм
Цртан филм
Вино
Вино
Земјата на моето постоење
Земјата на моето постоење
Песна без наслов
Песна без наслов
 
 

Гимназијата на:

 
 
Оди најгоре