Ќе ги оставиме сенките да танцуваат
на голиот ѕид
А ние ќе останеме здрвени на столот
оддалечени со бариера на страв
И срцата ќе ни треперат
Ќе сме бедни
И слаби
Парите ќе се опиум за сиромашните
А знаењето ќе чека некој да го земе
Ама да се вратиме на нас
палиш уште една цигара
што ќе долови некој момент
што ќе улови некоја глетка
што ќе налови некој бакнеж
и засити нечие срце
Тука погледите ни се поблиски
и подалечни од сѐ друго
Ако Сѐ
е Вистината
Христина Ангелеска
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци