МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Нешта за кои не знаевме

 

   Во време во кое луѓето забораваат вистински да зборуваат, вистински да се дружат, вистински да се смеат, вистински да се радуваат и вистински да создаваат, во време во кое и млади и стари заспиваат и се будат со Facebook, празно лизгајќи ги објавите нагоре и надолу, решив да напишам еден текст и се надевам дека некој од вас ќе го прочита до крај.

   Бидејќи сум историчар, сакам да ве вратам малку назад во времето. Сакам да ви претставам нешто што не го знаев, но ете го дознав на интернет. Ми остави голем впечаток. Сакам да го погледнете и вие. Мислам дека вреди да се види.

   Проучував некои на интернет објавени документи за крајот на Втората светска војна во Европа и за тоа што се случувало со воените затвореници по поразот на Нацистичка Германија. Еден од тие затвореници бил Рудолф Јордан.

Рудолф Јордан Рудолф Јордан се ракува со Хитлер
На сликите: Рудолф Јордан и Хитлер се ракува со Рудолф Јордан

   Рудолф Јордан е германски политичар кој имал различни политички функции и бил претседател на партискиот огранок на Нацистичката партија во провинцијата Горен Магдебург од 1937 до 1945 година.

Во средината Химлер, десно од него во светла униформа Рудолф ЈорданНа сликата: Во средината Хајнрих Химлер, десно од него во светла униформа Рудолф Јордан

   При крајот на војната во обид да им избега на сојузничките војски, го сменил својот идентитет и со лажирани документи за себе и за своето семејство сакал да ја напушти Европа, но на 30 мај 1945 год. бил откриен од британските служби и затворен. Во согласност со Сојузничко-Советските договори, за постапување со воените заробеници, Рудолф Јордан со семејството е предаден на советските власти во јули 1946 год. Во Советскиот Сојуз тој е осуден и одлежал 4 години затвор во Советската окупациона зона на Германија (Источна Германија), по што е испратен на тешка физичка работа во работен логор, длабоко во СССР.
   Според несигурни историски извори, се смета дека по Втората светска војна во СССР имало околу 3 000 000 германски и австриски заробеници.
   На 08 септември 1955 година првиот повоен Канцелар на Западна Германија, Конрад Аденауер со 141-члена делегација ја посетил Москва каде се сретнал со новиот претседател на СССР, Никита Хрушчов и претседателот на советската влада Николај Булганин. На 12 септември постигнат е германско - советски договор за ослободување на 10 000 германски затвореници наречен „Враќање на десет илјади“ („Heimkehr der Zehntausend“)

Договор Аденауер - Булганин за ослободување на 10 000 германски заробеници Булганин - Аденауер - Хрушчов 1955
На сликите: Потпишувањето на договорот „Враќање на десет илјади“ - Булганин и Конрад Аденауер; Булганин, Аденауер и Хрушчов по постигнувањето на договорот

   Според овој договор,  на седми октомври 1955 год. првите 600 затвореници биле ослободени од СССР и пренесени во Западна Германија (“Friedland“). Втората група затвореници е ослободена на 13 октомври, Во оваа група бил и Рудолф Јордан.

   До крајот на животот Рудоф Јордан живеел во Минхен. Таму работел во претставништво на производител на авиони.
   Умрел на 27.10.1988год. во својата 86-та година од животот.

   Овај германски политичар не е некоја многу важна фигура од Втората светска војна, но благодарение на него, барајќи податоци кои ми беа неопходни за да ја разберам во целост содржината на она што го проучував, сретнав уште една за мене непозната личност со име - РУДОЛФ ЈОРДАН. И двајцата се Германци. Едниот – нацист, за кого пишував погоре, а другиот сликар. Ги дели еден век. Пребарав на интернет и открив нешто што не го знаев, дознав нешто ново, нешто што ме воодушеви.

 

Рудолф Јордан - сликар   Сликарот Рудолф Јордан е роден во 1810 година во Берлин, а умрел во 1887 година во Диселдорф. Целиот свој живот го посветил на сликарството. Од раните години учел цртање и сликање во Берлин, каде што учител му бил Карл Вилхелм Вах. Рудолф учел сликарска школа во Берлин, а потоа студирал на Ликовна академија во Диселдорф. По завршувањето на академијата работел во сликарските работилници на Фридрих Вилхелм фон Шадоу и на Карл Фердинанд Зон кои биле познати германски сликари.
   Поради знаењето и високите уметнички дострели во своите дела, Рудолф Јордан од 1837 год. станал професор на Пруската кралска академија на уметностите во Берлин. Во 1848 год. тој отворил своја сликарска школа во Диселдорф, каде што се образувале повеќе подоцнежни врвни сликари.
   Рудолф Јордан зад себе оставил ненадминливи уметнички дела. Најчесто сликал со маслени бои, сликал и со водени бои (акварел) но работел и гравури.

 

   За да не биде се напишано со зборови, ви оставам вам, на интернет да најдете некои од неговите слики. Јас ги одбрав овие слики на Рудолф Јордан и на неколку негови ученици.

Rudolf Jordan - гравура Rudolf Jordan - Акварел Rudolf Jordan - Масло на платно Rudolf Jordan - Масло на платно Rudolf Jordan - Масло на платно Rudolf Jordan - Масло на платно Rudolf Jordan - Масло на платно Rudolf Jordan - Масло на платно Rudolf Jordan - Масло на платно Rudolf Jordan - Масло на платно Феликс Шлезингер, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Феликс Шлезингер, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Феликс Шлезингер, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Антон Дифенбах, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Антон Дифенбах, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Херман Сондерман, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Херман Сондерман, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Херман Сондерман, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Јулиус Герц, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Јулиус Герц, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Јулиус Герц, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Бенџамин Ваутиер, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Август Лудвиг, ученик на Рудолф Јордан,  масло на платно Ернестин Фридрихсен, ученик на Рудолф Јордан,  масло на платно Хенри Ритер, ученик на Рудолф Јордан,  масло на платно Јули Руинарт де Бримонт (де Бринант), ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Јозеф Вилхелм Валандер, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Јозеф Вилхелм Валандер, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Мина Херенг (Minna Henriette Wilhelmine Heeren), ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Марк Луис Бенџамин Ваутиер (Marc Louis Benjamin Vautier), ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Ричард Сон (Paul Eduard Richard Sohn), ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Рафаел Риц, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Рафаел Риц, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно Вилхелм Рог, ученик на Рудолф Јордан, масло на платно

  
Автор на текстот е проф. Николче Богданоски


Објавено на: 19 Јан 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија