МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Поезија од душата

 

Промоција на збирката поезија Стравови

   Кога љубовта е главната водилка на срцето, од душата секогаш се излеваат зборови кои се полни со емоции и страст...
Христина Ангелеска предводена од љубовта на 04.02.2016 година ја промовираше својата прва збирка поезија „Стравови“ во киното  „Мис Стон“. На промоцијата присуствуваа ученици, професори, пријатели и љубители на убавиот збор, а во реализацијата на промоцијата беше вклучен тим на ученици од нашето училиште.

Hristina Angeleska Промоција на Стравови

   Следува интервју со Христина

  • Која беше инспирацијта за да ја напишеш  книгата?

Инспирација за поезијата која ја создавам е љубовта и реалноста, а за објавување на книга мотивација беше да се создаде еден уметнички чин со кој ќе се овенча нашата љубов.

  • Каква тематика имаат песните ?

Песните имаат романтичарски, надреалистички и реалистичен бран.

  • Кога се роди љубовта кон поезијата?

Љубовта кон поезијата сум ја имала отсекогаш, а интезивно почнав со пишување и читање на 15-16 години.

  • Дали е ова твоја прва книга?

Ова ми е прва книга, а за промоцијата сметам дека беше уметнички акт со фантастичен тим на талентирани млади луѓе.

  • Колку време се спремавте за промоцијата ?

За промоцијата се спремавме околу 20 дена, идејата за настанот ја имав во глава од поодамна но не мислев дека навистина ќе ја реализирам.

  • Што би им препорачала на оние кои ја сакаат поезијата и читаат?

На оние кои ја сакаат поезијата би им препорачала да читаат, читаат, читаат! Да ги заборават осетите за она што е евидентно и да влезат зад границите на искуството. А за тие што сакаат да објават книга немам никаков империјалистички совет. Славете ја поезијата во вашите интимни кругови, таму најмногу ја има уметноста.

  • Ти благодарам и ти посакувам многу успеси во иднина.

Благодарам и јас.

 

 

Интервју: Елена Ѓорѓиовска


Објавено на: 03 Мар 2016

 

Слични содржини



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија