MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

НЕШТО ЛИЧНО

ИНТЕРВЈУ СО ИЛЧО ТАЛЕСКИ

   Само убаво напишаните зборови се оние кои можат да допрат длабоко до срцето и душата на читателот. Се надеваме дека приказната од прекрасната книга чија промоција се одржа на 1ви март во Националниот ресторан – „Македонска Куќа“ ќе допре до вашите срца. Автор на  романот чие име е „ТИ И ЈАС“ е ученикот Илчо Талески од III-7.  Во продолжение можете да го прочитате интервјуто кое го направивме со Илчо...

Илчо Талески роман Ти и јас

1. Од кога се занимаваш со пишување?
- Можам да кажам дека уште од мал ми било занимација да составувам по некоја реченица, а понекогаш и некој стих, но она прво творење, пред сѐ поезија, колку што се сеќавам, беше во основно. Како што  и повеќето знаат, ова е мој прв обид за создавање нешто поголемо.

2. За што се работи во романот?
- Пред сѐ, како што и насловот укажува, пишував за љубовта. Но тоа не значи дека животните судири се изоставени. Напротив, со љубовните проблеми на главните се испреплетуваат пропаднатите животи на споредните ликови.

3. Која беше инспирацијата за да го напишеш романот?
- Во најголема мера, љубовта. Можеби затоа што е универзална тема, но не ги исклучувам и животните искуства. На крајот на краиштата, животот е тој што ти ја дава љубовта, било каква.

4. Колку време ти беше потребно за да го завршиш?
- Во моментот кога почна да ми се раѓа идејата за романот, сите мисли почнав да ги запишувам, па дури и тие што не се најдоа на страниците во книгата. Од тогаш до записот на последната реченица има околу една година, ако не се лажам. Но сигурен сум дека пишувањето на компјутер ми одзеде осум месеци.

5. Кој помогна за печатењето на твојот роман?
- Благодарение на финансиската поддршка од прилепската Гимназија, романот успеа да биде испечатен. Голема благодарност и до директорот, Кире Николоски, што се погрижи за тоа да биде така. Што се однесува до промоцијата, најголема заслуга има сопственикот на Националниот Ресторан – Македонска Куќа, Кирил Илијовски.

6. Што следно да очекуваат читателите?
- Имајќи во предвид дека досегашните читатели на романот посакуваат некоја информација повеќе во врска со крајот, размислувам некој епилог да вметнам во една од наредните книги, макар што тоа и не е сигурно. Она што е сигурно е дека ќе има и втора книга. Ако не оваа, наредната година, секако. Нејзините почетни страни се веќе испишани.

7. Кои се твоите планови за во иднина?
- Не планирам во иднина да се откажам од ова хоби, бидејќи пишувањето на некој начин ме смирува. Сѐ она што не можам да го искажам со говорење, го запишувам. Каде и да продолжам понатаму, творењето секогаш ќе остане дел од мене.

8. Што би им препорачал на оние кои сакаат и кои пишуваат?
- Само едно нешто имам да им кажам: Ако сакаат, секако да пишуваат и доколку пишуваат, да го прават тоа со љубов. Бидејќи Хотман рекол: „Книгите се опасни, и треба да бидат опасни. Содржат идеи“

9. Ти благодарам за одговорите и ти посакувам да бидеш  успешен писател кој и понатаму ќе пишува вакви прекрасни романи кои ќе ги пленат срцата на читателите !
- Ти благодарам за убавите зборови, се надевам дека нема да ги разочарам очекувањата на читателите.

Илчо Талески, за романот „Ти и јас“ Промоција на романот „Ти и јас“ Илчо Талески пишува посвета на своите книги Честитки од Директорот на гимназијата, Кире Николоски и од претседателот на Училишниот одбор, Владо Чакароски Со професорката по Македонски јазик и литература, Емона Јованоска Присутните професори на промоцијата Македонска трпеза


Интервјуто го водеше Елена Ѓорѓиовска III-1 клас
02.03.2015

Ќе те интересира и:

Хемијата низ војните
Хемијата низ војните
Гимназијалки на едукативна работилница во Петница
Гимназијалки на едукативна работилница во Петница
ЕСО - камп по астрономија
ЕСО - камп по астрономија
Нешта за кои не знаевме
Нешта за кои не знаевме
Гимназијалец на проект во Шпанија
Гимназијалец на проект во Шпанија
Четири златни медали за нашите гимназијалки
Четири златни медали за нашите гимназијалки
Интервју со Климентина Ѓорѓиоска
Интервју со Климентина Ѓорѓиоска
Trash Fashion
Trash Fashion
Изложба на Давид Дамјаноски
Изложба на Давид Дамјаноски
На децата треба да им се чита
На децата треба да им се чита
Криза на читањето
Криза на читањето
Разговор со Елеонора
Разговор со Елеонора
Уништување на шумите
Уништување на шумите
„Стравови“ - збирка поезија од Христина Ангелеска
„Стравови“ - збирка поезија од Христина Ангелеска
Горка Љубов
Горка Љубов
Непребол
Непребол
Поле со глуварчиња
Поле со глуварчиња
Ти и јас
Ти и јас
„Demons“ - Imagine Dragons - Mario Angelevski Cover
„Demons“ - Imagine Dragons - Mario Angelevski Cover
Интернетот, предизвик или придобивка на новото време
Интернетот, предизвик или придобивка на новото време
„Остани“ од Елена Атанасоска
„Остани“ од Елена Атанасоска
Мафијата носи штикли
Мафијата носи штикли
Цртан филм
Цртан филм
Вино
Вино
Земјата на моето постоење
Земјата на моето постоење
Песна без наслов
Песна без наслов
 
 

Гимназијата на:

 
 
Оди најгоре