В И Н О

Чаша со виноДоколку не ја познавате доволна добро Македонија тогаш нема ни да знаете дека виното кај нас е една од најпрепознатливите и најубави карактеристики.

Многу често постарите ја користат латинската изрека „Во виното е вистината“, но виното е постаро и од пишаната историја. Се смета дека виното им било познато на Еѓипќаните и било користено како пијалок за египетските фараони. На многубројните цртежи, папируси и надгробни плочи, кои датираат од овој период, можат да се видат луѓе со чаша вино во рака. Во тој период виното пристигнува во земјите кои подоцна ќе станат негови главни произведувачи.

Винатa кои потекнуваат од античка Грција и стариот Рим се правеле на најразлични начини, а при производството се користеле најразлични зачини. Уште во тој период биле ценети, особено поради нивниот специфичен вкус. Кај нив виното ја претставувало крвта на Дионис, а истовремено било и напиток на бесмртноста.

За да се докажи важноста на виното во животот на античките Грци и Римјани, богот Дионис е многу често споредуван и прикажуван како десна рака на врховниот бог.

Во средниот век најзаслужна за развитокот и производството на виното се смета црквата. Христијанството е најраспространета вера во овој век и виното е симбол за крвта Исусова. Но за христијаните виното претставува и извор на утеха и топлина во овој неправеден свет, симбол на радост и сите дарови што им ги дава Господ на луѓето. На тајната вечера Исус го овековечил виното и му дал нов симбол со зборовите: „Ова е чашата со Мојата крв,,. Правете го ова секојпат кога пиете, за Мој спомен!“. Тој го признава виното како свет пијалок за верниците во верата Исусова.

Во седумнаесеттиот век виното е познато како единствен здрав пијалок. Во тоа време виното се пие во големи количини. Мислењата за виното во седумнаесеттиот век целосно се поромрнуваат со доаѓањето на големите откритија поврзани со производството на вино. Од тогаш па до ден денес имаме постојан развој во производството на нови сорти вина, а особено голем развој на трговијата со вино.

Историјата на виното во Македонија започнува во времето на Филип II и Александар Македонски, кога виното се сметало за секојдневен напиток на кралското семејство. Традицијата потоа продолжува за време на Римската империја кога Македонија била еден од најважните региони во одгледување на грозјето. Македонија е една од земјите во кои се одгледува многу добро вино, а таквите земји се многу ретки. Влијанието на виното врз културата на Македонците се согледува од нашите обичаи, прослави, собири и начинот на нашата исхрана. Производството на вино е длабоко вкоренето во нашата традиција и  тоа се предава како аманет од татко на син, од дедо на внук.

Се започнува со грозјеберењето. За луѓето претставувало задоволство кога ќе дојде денот на грозјебрање, се собирале сите кој со кош, кој со кошница  со песни и со насмевки на лицата тргнувале во лозјата да го берат грозјето, кое веќе набрекнато и надрочено чека да биде скинато. Шегата и песните биле неизоставен дел од секое грозјебрање. Откако грозјето ќе се наберело се носело во домовите, а на лицата на берачите не можело да се забележи ништо друго освен задоволство. Задоволство од добро завршената работа и радост од чинот што следува. Грозјето го турале во огромни корита од нив се ширела прекрасна миризба на шира, се пенело грозјето, се правеле меури, а во воздухот се ширела миризба што опијанува. Луѓето насмеани и помалку зашеметени од мирисот на грозјето, босоноги влегувале во коритата и го гмечеле.

Иако времињата се менуваат, а и начините на производство на вино, аманетот останува да се произведува вино. Не постоела куќа која макар и во помала количина не турала вино. Не ја личи македонската трпеза без чаша убаво црвено вино. Нема собир или прослава без нашето македонско вино. Дури и нашата кујна знае во специјалитетите како мирудија да употреби малку вино. Многу обичаи како неизоставен дел го имаат виното. Младите што ќе се ќердосаат наздравуваат и со вкрстени раце ги пијат чашите со вино како нивни благослов и симбол на нивниот понатамошен живот. Неколку капки црвено вино се тураат во погачата  за здравје и бериќет. Виното е феномен со добротворна моќ, една чаша вино значи здравје. Затоа кренете ги чашите и нека ни е на здравје!

Виното е иснспирација за секого. Тоа многу често е користено во македонската народна поезија. Во негова чест се напишани многу народни творби во кои се опишуваат убавините и влијанијата на природното македонско вино. Таква една творба е народната песна „Дефино вино црвено“ во која народниот творец убавините на виното ги споредува со убавините на една млада девојка, која тагува по своето момче на кого му ко украле гуњчето и го продале за рујно бино црвено:

„Му поминале ајдуци

гуњчето му го украле

во меана му го продале

за бела лута ракија

за рујно вино црвено“

Во народната песна „Вино пијам ем ракија“ е опишана магичната моќ на виното. Тоа може да го промени секое мислење кај човекот кој го користи и можи да му го „заврти“ умот.Така во ова дело творецот ни укажува на лошото дејство на виното, поради кое тој му дозволува на коњот да го носи горе - долу. А коњот повторно го носи в’ меана, каде три убави девојки му точат убаво и  вкусно вино:

„ Вино пијам ем ракија

коња јавам аџамија

коњ ме шета горе, доле

.....

ме однесе в’ ладна меана

у меана до три моми“

Но и македонската  поезиај е многу често испирација за производство на квалитетно вино, кое не е само бренд во Македонија, туку и надвор од неа.

Денешните винарски визби произведуваат вина кои и на светските познати винарски саеми се избираат за најдобри и највкусни.

Македонските винопроизводители не треба да се срамат, туку да се восхитуваат и гордеат со таквите рујни вина. Познати македонски вина се: „Т’га за југ“, „Вранец“ , „Александрија“, „Смедеревка“ и други. Пример за тоа дека и македонската поезија е инспирација, е виното „Т’га за југ“ создадено врз основа на песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов. Тоа е вино со инзвореден вкус, кој и надалеку е препознатлив. Ние го очекуваме денот кога македонскиот Вранец ќе биде признат како „Следното Големо Црвено Вино“.

Виното и животот се синоними. Како што животото  тече и не изненадува со нови среќи и несреќи, така и виното тече од бочвите и секојпат не изненадува со нови убавини. Тоа е еден од седумте дарови на природата. Природата ни го подарила, во него е самата природа, човекот само помага а процесот е пририден, самото  ферментира, самото се прави, човекот го собира, а потоа се насладува. Затоа велиме дека е дар од приридата.

Нашата земја ја има таа привилегија од природата. Македонија е земја што има неверојатни услови за одгледување на винова лоза. Топлите летни денови и посвежите ноќи се совршени за растење и зреење на грозјето. Во текот на денот сончевите зраци ги милуваат големите и широки простаранства со винова лоза, а ноќната роса ги освежува и предизвикува нивно создревање.

Денес во Македонија има огромен број лозови насади од кои што се произведуваат големи количества убаво и и квалитетно вино. Сега виното иако се произведува на современ начин во винарски визби станува препознатлив бренд за нашата земја. Не посојат луѓе кои не го пробале и не го бендисале нашето македонско вино. Виното ја потикнува нашата фантазија, интелегенција и креативност. Бодлер напишал за виното:

„Сите што морале да ја смират грижата на совест, да потикнат некој спомен, да залијат некоја болка, да изградат кули во воздухот, сите ве предизвикале вас, таинствени богови сокриени во плодовите на лозата... Виното има налик на човек, никогаш не се знае до која мерка можеме да го цениме или да го презираме, ниту за колку прекрасни потези или чудовишни злосторства е способно.“

Значи, виното е као човекот, тогаш кога ќе поверуваме дека го познаваме, тоа не изненадува со нова убавина.

 

Теодора Јагуриноска

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“  Прилеп

Kонкурс: „Мартовски есеи“- организирано од списанието „Корени“

Добитник на награда за најдобар есеј во категоријата на млади есеисти, 2011 год.

 

Copyright © 2014 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.