МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

 

ПРЕДМЕТИ

Наставниот план за гимназиско образование е структуиран од 3 организациско-содржински компоненти:

    Задолжителни предмети
    Задолжителните предмети го сочинуваат заедничкото програмско јадро и тие се заеднички и задолжителни за сите ученици во гимназиското образование. Тие се претпоставка за обезбедување на општообразовен стандард кој овозможува хоризонтална и вертикална проодност  на учениците. Опфаќаат содржини од современото општо образование коишто во прва година се распоредени во 10 (11) наставни предмети, за постапно да се намалат во четврта година на 5 (6) наставни предмети. Оваа компонента на Наставниот план ја сочинуваат 12 (13) наставни предмети распоредени во четирите години. Тоа, во основа, се поголемиот дел од наставните предмети кои во континуитет продолжуваат од основното образование. Програмите за овие наставни предмети ги изготвува Бирото за развој на образованието во соработка со соодветните факултети и наставници од училиштата, а ги донесува министерот за образование и наука.
   

    Изборни предмети
    Изборните предмети се групирани во три изборни подрачја: природно-математичко, јазично-уметничко и општествено-хуманистичко подрачје. Ваквата глобална групираност донекаде соодветствува на групираноста на науките во високото образование, а претставува и прегледно групирање на програмските содржини врз основа на што ќе се определуваат учениците.
      Училиштата се должни да обезбедат услови за реализација на воспитно-образовна работа во најмалку две изборни подрачја. Во помалите места училиштата треба полека да создаваат услови за реализација на воспитно-образовната работа во сите три подрачја.
      Ученикот, од најмалку двете изборни подрачја што му ги нуди училиштето, се определува за едно во втора година, најдоцна до крајот на наставната година. Со оглед на тоа што во втора година постои разлика само во еден изборен наставен предмет, ученикот може да го смени изборното подрачје и/или училиштето најдоцна до крајот на втората учебна година (30 август во тековната година), ако за тоа постојат услови во училиштето.
      Изборните предмети имаат функција на продлабочување и проширување на знаењата на учениците. Изборноста е застапена преку наставни предмети кои се јавуваат под ист назив како дел од задолжителните предмети и преку наставни предмети под различни називи од називите на задолжителните предмети кои претставуваат делови или изводи од научните дисциплини. Изборните предмети се програмирани со по 2 и 3 часа неделен фонд од втора до четврта година. Наставните програми за изборните предмети ги подготвува Бирото за развој на образованието во соработка со соодветните факултети и наставниците од училиштата, а ги донесува министерот на образование и наука.
      Од наведената листа на изборни предмети секое училиште е должно, според интересот и желбите на учениците, како и според своите кадровски и просторни можности  и услови, да понуди најмалку три предмети од кои ученикот избира еден.
      Училиштето ги запознава учениците со листата на изборните предмети во текот на првата година, а ученикот се определува за еден предмет од листата најдоцна до крајот на првата наставна година. Ученикот може да го смени изборниот предмет најдоцна до крајот на првата учебна година (30 август во тековната година) доколку за тоа постојат услови во училиштето.
     Бројот на учениците за кои може да се организира настава за одделен избран изборен предмет изнесува најмалку 17.
     Училиштето е должно да ги информира учениците за можните комбинации на изборни предмети во текот на втората година на школувањето, а ученикот треба да се определи за една комбинација на изборни предмети на крајот на втората наставна година. Ученикот може да ја смени комбинацијата на изборни предмети најдоцна до крајот на втората учебна година (30 август во тековната година), доколку за тоа постојат услови за училиштето.
     По определувањето за одредена комбинација на изборни предмети, секој предмет од таа комбинација за ученикот станува задолжителен и влијае врз неговиот општ успех и правото за напредување.
     Најмалиот број на ученици за кои може да се организира настава за една изборна комбинација изнесува 17 ученици или половина од дозволениот број на ученици во една паралелка.
     За секоја комбинација на изборни предмети, со посебни - изведбени наставни планови се дефинираат бројот, називот, распоредот и фондот на часовите на изборните предмети по години.

    Проектни активности
    Проектните активности се посебно подрачје во Наставниот план чијашто функција е задоволување на индивидуалните интереси и желби на учениците во одделни области. Поради својата специфичност, тие се разликуваат од наставните предмети и затоа се реализираат во рамките на годишниот фонд на часови (со по 70 часа) од I до IV година, по слободен избор на ученикот.
     Проектните активности можат, според сопствените капацитети  и можности на училиштата, да се реализираат во текот на целата наставна година, во следните области и со следниот обем: (*)
       Култура за заштита, мир и  толеранција             (15 + 20) часа
       Урбана култура                                                  (15 + 20) часа
       Култура на здраво живеење                              (15 + 20) часа
       Природни науки                                                 (15 + 20) часа
       Граѓанска култура                                              (15 + 20) часа
       Спортски активности                                          (15 + 20) часа
       Активности од областа на музиката
                                - хор                                                      70 часа
                                - оркестар                                              70 часа
            Ликовно-творечки активности
                               - сликарство                                   (15 + 20) часа
                               - графика                                        (15 + 20) часа
                               - скулптура                                     (15 + 20) часа
                               - архитектура                                  (15 + 20) часа
                               - дизајн                                          (15 + 20) часа
                               - ликовна критика                           (15 + 20) часа
                               - историја на уметноста                  (15 + 20) часа
        -  Литературни клубови и драмски секции 35 часа
        - Спортски денови                                                           10 часа

        (*) Во IV година обемот на една проектна активност изнесува 30 часа, односно (15+15) часа, или вкупно 60 часа годишно.

    Првата бројка во заградата го означува бројот на часовите коишто се реализираат во училиштето, а втората бројка го означува бројот на часовите коишто му се потребни на ученикот за домашна работа на проектните активности или, пак, за нивна реализација во некоја друга институција. Часовите што не се ставени во заграда се реализираат единствено во училиштето.
     Сите проектни активности од наведените области можат да се реализи­раат во секоја од четирите години на школувањето, освен активностите од областа „Граѓанска култура“ кои можаат да се реализираат само во третата и четвртата година од школувањето.
    Целта на ваквата организација на проектните активности  е да се обезбеди активен однос на учениците во процесот на нивната реализација. Тоа ќе овозможи да се поттикне креативноста на учениците, со цел да дојдат до израз нивните афинитети и индивидуални способности.
    За успешна реализација на овие проектни активности, наставниците  треба да обрнат  посебно внимание на планирањето, кое треба да биде флексибилно и прилагодено на потребите и интересите на учениците. Наставниците треба повеќе да се јавуваат во улога на ментори, консултанти и обучувачи.
    Оние проектни активности  коишто ќе се реализираат во рамките на училиштето не смеат да се предвидат како часови во редовниот распоред на паралелките. Тие треба да се организираат во текот на работните денови во седмицата, во време прифатливо за учениците и во време кое нема да се поклопува со редовниот седмичен распоред на часовите. Формирањето на групите, начинот и организацијата на работата е во надлежност на училиштата.
    Вкупниот обем на  часови предвиден за проектните активности во текот на една наставна година изнесува 70 часа. Тие не се оценуваат (ниту бројчано ниту описно), но секој ученик, според својот избор, мора задолжително да ги реализира во предвидениот обем во текот на секоја наставна година. Одговорниот наставник води посебна евиденција за реализацијата на проектните активности и прави извештај за секој ученик.
    Проектните активности ги програмираат училиштата, односно наставниците, стручните соработници (педагози, психолози, социолози и др.) и учениците во соработка со Бирото за развој на образованието и останатите институции од локалната средина заинтересирани за меѓусебна соработка.
    Оние ученици кои од какви било причини нема да ги реализираат предвидените проектни активности, имаат обврска тоа да го направат до почетокот на наредната учебна година. Доколку ученикот не ја реализира оваа своја обврска нема да му се издаде свидетелство за завршена година.
    За секоја проектна активност ученикот изработува портфолио во кое се евидентира видот на проектната активност, времето и местото на нејзината реализација.
    Менторот ја следи и ја потврдува реализираната проектна активност. Реализацијата на годишниот фонд на часови предвиден за проект­ни­те активности ја верификува класниот раководител.

   Прва година:
   Во прва година не постојат изборни програми, што значи наставата во прва година е иста за сите ученици во гимназиското образование.

Предмети во прва година:

   Втора година:
   Во втора година сите ученици ги  ги учат задолжителните предмети, но ученикот избира уште по еден предмет од листата на изборни предмети:

Предмети во втора година:

Задолжителни предмети:

Изборни предмети:

  • Информатичка технологија
  • Елементарна алгебра и геометрија
  • Елементарна алгебра
  • Латински јазик
  • Етика

   Трета година:
   Во трета година учениците избираат едно од следните изборни подрачја наведени во наставниот план:

   НАСТАВЕН ПЛАН ЗА ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2017
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија