МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo
гимназија
ПРЕДМЕТИ
гимназија
УСЛОВИ
гимназија
БИБЛИОТЕКА
гимназија
ИСТОРИЈАТ
гимназија
ЗА ПАТРОНОТ
гимназија
ДОКУМЕНТИ

ЗА УЧИЛИШНАТА БИБЛИОТЕКА

 

Библиотеката во Гимназијата „Мирче Ацев“ постои и работи од 1947 год.

Нејзиното место и улога се во неделива врска со наставниот процес. Таа претставува интегрален дел на училиштето и зазема значајно место во наставниот процес.

biblioteka mirce acev  библиотека Мирче Ацев

Библиотеката е место каде треба да се создаваат трајни навики за читање, истражување и самостојна работа.

Користењето на библиотечниот фонд е неопходност во процесот на постојаното образование и самообразование.

Библиотеката треба да биде работен кабинет за сите наставни предмети, но и место за информативно, образовна и културна дејност.

Книжниот фонд во библиотеката се зголемува од година во година. Денес тој изнесува 17114 книги и околу 1000 наслови.

Книжниот фонд го сочинуваат: задолжителна училишна лектира, популарно – уметничка и научна литература, општо – политичка литература, енциклопеди, лексикони, речници, атласи, библиографии, периодика и разни весници, списанија и билтени.

Покрај ова библиотеката располага и со аудио – визуелни помагала, аудио и видео ленти, фотографии, грамофонски плочи, DVD-a  и сл.

училишна библиотека гимназија  библиотекарката

Книжниот фонд е стручно обработен, именоинвентиран, сигнатиран и каталогизиран.

Библиотечниот материјал има авторски и (азбучен) каталог.

Книгите се сместени и селектирани по сигнатура, инвентарен број и формат.

Корисници на библиотечниот фонд се учениците и вработените од Гимназијата „Мирче Ацев“. Нивниот број постојано расте и се движи годишно по околу 900 членови.

Учебната 2014 – 2015 година се изврши преуредување на библиотеката со цел таа да биде попријатно престојувалиште и неисцрпен извор на знаење за сите ученици од Гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп.

 

 

ПРАВИЛА ЗА РАКУВАЊЕ СО КНИГАТА И КОРИСТЕЊЕ НА БИБЛИОТЕКАТА

  • СЕ ЗАМОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ, СО ПОЧИТ ДА ГИ СЛЕДИ ПРАВИЛАТА, КОИ ЌЕ ПОМОГНАТ ВО ЗАЧУВУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА КНИЖНИОТ ФОНД.
  • СО КНИГАТА РАКУВАЈ ВНИМАТЕЛНО, ТРЕБА И НЕКОЈ ДРУГ ДА ЈА ЧИТА.
  • НЕ ВЛЕЧИ ГИ И НЕ ОШТЕТУВАЈ ГИ КОРИЦИТЕ!
  • НЕ ДОПИРАЈ ЈА КНИГАТА СО ВАЛКАНИ РАЦЕ!
  • НЕ ПИШУВАЈ ПО СТРАНИЦИТЕ ОД КНИГАТА!
  • НЕ ВИТКАЈ ГИ И НЕ ПОДВИТКУВАЈ ГИ СТРАНИЦИТЕ ОД КНИГАТА!
  • ОПОМЕНИ ГО СЕКОЈ ШТО НЕНАМЕРНО ИЛИ НАМЕРНО ЈА ОШТЕТУВА КНИГАТА!
  • КНИГИТЕ ТРЕБА ДА ТРААТ, ЗАТОА ШТО БИБЛИОТЕКАТА ПРЕКУ НИВ ДИШЕ.
  • ПОСТОЈАТ КНИГИ КОИ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ИЗНЕСУВААТ ОД БИБЛИОТЕКАТА. НИВ МОЖЕШ ДА ГИ ЧИТАШ ВО ПРОСТОРОТ ОД БИБЛИОТЕКАТА.
  • ПОСЕТУВАЈ ЈА РЕДОВНО БИБЛИОТЕКАТА, ЗА ДА ЗЕМЕШ КНИГА, ДА УЧИШ ВО ТИВКО И СПОКОЈНО КАТЧЕ, ПА ДУРИ И ДА УЧЕСТВУВАШ ВО БИБЛИОТЕКАРСКИТЕ АКТИВНОСТИ!
  • ВО БИБЛИОТЕКАТА СЕКОГАШ МОЖЕШ ДА ПОДАРИШ КНИГА (На пр. прочитана лектира која повеќе не ти е потребна) И НА НЕА СО ГОРДОСТ ДА НАПИШЕШ ДЕКА ТАА Е ТВОЈ ПОДАРОК, ТВОЈ ТРАЕН ПЕЧАТ ШТО ЌЕ ГО ОСТАВИШ ВО БИБЛИОТЕКАТА.

ВИ БЛАГОДАРАМ!

Напишано од проф. Рената Думбалоска

 

 ОД АКТИВНОСТИТЕ НА БИБЛИОТЕКАРКАТА:

- Порака до родителите: На децата треба да има се чита!

- Криза на читањето

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија