МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo

На оваа страна:

- Гимназиското образование во Прилеп
- Историјата на гимназијата „Мирче Ацев“

 

Гимназиското образование во Прилеп

 

Уште во првата половина на 19 век во Македониja cе поjавуваат основни училишта, формирани и издржувани од црковно - училишните општини и нивните органи - училишните настоjателства. Co текот на времето, некаде побргу, некаде подоцна, cе jавува потреба oд создавање на пoвиcoк ранг на училишта од основните. Овие повисоки училиштета cе викаат класни училишта и во тоа време даваат наjвисоко образование.

Eкономскиот развоj во Македониjа, во средината на 19 век го зафаќа и градот Прилеп. Стопанскиот развоj на градот условува создавање на еснафско граѓанство, идна македонска буржоазиjа... Тоа има одраз и врз развоjот на просветата и другите општествени деjности. Старите културни центри: црквите, манастирите и нивните училишта нe можат да ги задоволат потребите нa граѓанството. Занаетчиството и тpгoвиjaта бараат учени луге, кои ги познаваат предметите од световен карактер.

Во 1843 год. основано е првото основно училиште. Во времето од 1860 - 1865 гoд. вo основното училиште извршени cе извесни реформи, внесени cе нови предмети и отворен е горен курс нa основното училиште со што cе поставени основите на мaшкoтo класно училиштe.

pp

Прилеп во почетокот на XX век

Во 1865 гoд. вo Прилеп отворено е и првото женско училиште, кое подоцна и тоа станува класно. Подоцна класното училиште сведено е на двокласно. Учители во училиштето биле Никола Ганчев, Јосиф Ковачев и Кузман Шапкарев. За напредокот во прилепското училиште придонес има штипскиот педагог, учителот Jосиф Ковачев. Toj изврши реформи во наставната програма уште во учебната 1874/75 година и предложил отворање на четврти клас. По силните залагања на Прилепската општина, во учебната 1882/83г. машкото двокласно училиште во Прилеп, подигнато е на трикласно, a во уч.1883/84 год. решено е да се отвори четврти клac, односно да стане полнокласно. Истовремено Прилепската општина донесе решение класното училиште да се преименува во Гимназиjа, a женското да се вика средно училиште. Отпечатени се и празни свидетелства co натпис „Прилепска Гимназиjа“Четвртиот клас отворен е во учебната 1886/87 гoд. нo трае само една година. Прилепската Гимназиjа остана со три класа до краjот нa турската власт вo Македониjа - 1912 гoд. Извесно осовременување во наставата на прилепското училиште внесуваат некои завршени македонски ученици од американскиот Роберт-колеџ вo Цариград, кои станаа учители.

Училишните потреби наложуваат да ce подигне зграда за Гимназиjа вo Прилеп. Во дворот на црквата „Св. Благовештение“ ставени се темелите на големата и убава зграда на Гимназиjата вo 1893 год, a доградена е во 1894 година. Таа е градена од страна на граѓаните нa Прилеп, со нивна материjална и парична помош. За изградбата на гимназиската зграда, Аџи Мирче Бомбол дал 500 турски златни лири, Ице Фукара дал 300 турски златни лири, а околу 500 турски златни лири собрани се од прилепските еснафи и граѓани. Иако оваа прва прилепска Гимназија функционира како егзархиска црковно - училишна општина, Егзархијата не успеа да наметне свои луѓе да бидат директори и учители. Целокупнота управа и материјалното работење на Гимназијата се самостојни, односно независни од Егзархијата.

pp

Учителите од Прилепската Гимназија во 1892-1893 година

Седат од лево кон десно: Антон Попстоилов, Јордан Јанчулев, Спиридон Мирчев, Козма Георгиев, доктор Јордан Бомбол(директор), Пере Тошев, Даме Груев, Георги Трајчев и Никола Смичков. Стојат од лево кон десно: Јордан Попконстантинов, Неделко Дамјанов, Илија Хаџитошев, Илија Иванов, Никола Радославов, Константин Трифонов, Стојче Димов и Ангел Воденичаров.

Оваа прва прилепска Гимназија функционира до Балканските војни кога Македонија е поделена помеѓу соседните држави. Вардаркиот дел на Македонија го добива кралска Србија.

Српските власти во Македонија, отвораат неколку средни училишта. Во Прилеп отвораат Гимназија, во која работат просветни работници доселени од Србија или студенти од белградските факултети. Директор на Гимназијата е Александар Мариќ.
Поради воените години, во учебната 1913/14 година, прилепската Гимназија работи 5 месеци, а наредната 1914/15 година, само три месеци.
Во Првата светска војна во периодот од 1915 до 1918 год. згасна работата на прилепската Гимназија, а училишната зграда пренаменета е во болничка амбуланта.

pp

Стара црква и гимназиската зграда (болничка амбуланта)
во 1916 год.

По војната во 1918 година продолжува работата на Гимназијата со истиот директор од пред војната, и во истиот објект. Именувана како "Српска краљевинска гимназија". Поради недостаток на наставен кадар, во своите училишта српските власти носат кадар од надвор, пред се од Русија, па така во во учебната 1924/25 во прилепската Гимназија предаваат 5 наставници - Руски емигранти кои предаваат вештини и француски јазик.

Од ден на ден расти бројот на ученици кои учат во Гимназијата. Во наставната 1924/25 година во Гимназијата учат 423 ученици, а наредната 1925/26 учат вкупно 513 ученици.
Гимназијата ја врши својата дејност до 24 август 1929 година кога, со указ на кралот на СХС, Гимназијата е затворена. По една година Гимназијата продолжува да работи но само како Нижа реална Гимназија во Прилеп.

Во 1936 година таа е издигната во Виша самоуправна Гимназија (само до петти клас), а во учебната 1939/40 година станува осмокласна. Вишата самоуправна Гимназија во 1936 година сместена е во зградата на дотогашното основно училиште (денешното училиште „Кочо Рацин“) која е изградена во 1926 година.

pp

Зградата на Прилепската Виша самоуправна Гимназија (1937год.)

Оваа Гимназија во Прилеп функционира до разгорувањето на Втората светска војна на Балканот во 1941 година, поточно до 27 март 1941 година кога Министерството за образование на Кралството Југославија издава Указ за затворање на училиштата поради новонастанатите околности.

pp

Прилепски гимназијалци на екскурзија кај месноста „Топташ“

Пролетта 1941 година, се разгорува Втората светска војна и на македонски простори. Во Прилеп доаѓа бугарска војска и административен апарат. Новата власт, ја продолжува работата на прилепската Гимназија. Од пролетта 1941 до пролетта 1944 год. во Прилеп функционирала Прилепската гимназија под бугарска управа.

Во летото 1941 година, бугарските просветни власти организираа курс за осмокласниците од учебната 1940/41 год. за да им се признае годината. Курсот се изведува во јули и август, трае 40 дена, а наставата ја изведуваат само три наставници. Иван Крстев предава бугарски јазик и литература, Стефан Стефанов предава бугарска историја, и Стефан Русев предава географија.

1941/1942 Година е првата учебна година под нова власт во Гимназијата. Во таа година Гимназијата учат вкупно 282 ученика. Во првата учебна година под новата власт, повеќето наставници и ученици се Македонци, а од предметите најмногу се изучува „Б’лгарознание“(бугарски јазик), „Национална историа“ и „Национална географиа“. Часовите започнуваат со молитвата „Оче наш“.

Гимназиското табло 1942 год

Гимназиското табло од 1941/1942 год

Од наредната учебна година Гимназијата го добива новото име „Цар Самуил“ . Таа година во прилепската Гимназија учат 386 ученици, наставата ја изведуваат повеќе наставници главно дојдени од Бугарија, од предметите најмногу се изучува „Б’лгарознание“ и „Национална историа“ а часовите започнуваат со нова „Молитва за Б’лгариа“.

На крајот на годината гимназиската библиотеката е комплетно преуредена и збогатена со голем фонд на книги на бугарски јазик.

ginazijalci  gimnazijalci proslava

Гимназијалци на прославата на „Денот на Храброста“ 06.05. 1943 год. (Првата слика)
Гимназијалци на прославата на „Денот на ослободувањето на Бугарија“ 03.03. 1943 (Втората слика)

Учебната 1943/44 година е последна учебна година под бугарска власт. Истата е нерегуларна затоа што наставата во второто полугодие се изведува со само неколку ученици во класовите. Запишани се 408 ученици, но пролетта 1944 год. во секој клас на училиште одат едвај по 5 - 6 ученици. Многу наставници отсуствуваат од работа подолг период, а поради бомбардирањата на Бугарија од страна на Сојузницте и напредувањето на Црвената армија кон границите на Бугарија, сите училишта во Македонија оставени се без инструкции за работа од бугарската Влада и без никаква контрола на државата врз училиштата. Голем дел од гимназијалците се вклучија во партизанските народноослободителни единици.

 

 

Историјат на гимназијата „Мирче Ацев“

 

Со ослободувањето на поголем дел од териториите Македонија, за време на Втората светска војна се појавува потреба за организирање на животот во Македонија.

По предлог на Поверенствто за просвета, Президиумот на АСНОМ, на своето заседание одржано на трети ноември 1944год. во с.Горно Врановци донесе решение за отворање на гимназии и учителски школи. Член 1 од Решението гласи:

„Да се отворат гимназии во следните градови: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.“

Првиот Наставнички совет одржан е на 30 јануари 1945 год. На советот, за имиња на Гимназијата, до народноослободителниот одбор предложени се Пере Тошев и Мирче Ацев. Одборот го избрал името  на нашиот загинат сограѓанин, поранешен гимназијалец - Мирче Ацев.
решение за гимназиско образование

Решението на АСНОМ за отворање на гимназии во неколку градови во Македонија

 На 1 февруари 1945 год. започнува да се изведува наставата во старата училишна зграда на сегашното основно училиште „Кочо Рацин“.

Старата зграда на гимназијатаВо првата учебна година Гимназијата започнала да работи како Полна гимназија (I-VIII) клас, а наставата се изведувала според наставен план и програма на мајчин - македонски јазик.

Стеван Шапчевски

Стеван Шапчески - првиот повоен директор на Гимназијата

Прва генерација Приелпска гимназија Првата повоена генерација ученици и професори во Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Поради зголемениот број на запишани ученици во наредните учебни години се почуствувало недостиг на училишен простор, така што во април 1947 година, започнала изградбата на нова гимназиска зграда во „Тризла Маало“ наспроти „Тутунски Комбинат“ и за две години, поточно во второто полугодие од учебната 1949/50 година Полната Гимназија „Мирче Ацев“ била преместена во новата зграда - каде што и денес се наоѓа, со 31 просторија за изведување на настава, фискултурна сала, спортски игралишта, канцелариски и други простории.

zgradata na gimnazijata vo Prilepzgradata na gimnazijata mirce acev

Прилеп и гимназиската зграда во шеесеттите години на XX век Таблото на првата генерација Матуранти во новиот објект на Гимназијата

Таблото на првата генерација матуранти во новиот објект на Гимназијата

Во учебната 1953/54 година настанале нови организационо-структурални промени во гимназијата, така што останале само вишите класови, а нижите и прогимназиите се слеани во основните осумгодишни училишта. Името Виша Гимназија го носела до учебната 1957/58 година, за потоа да стане 4 класно училиште за општо образование - гимназија.

Во 1959 година било извршено измена на наставните планови и програма од страна на Советот за просвета на НРМ. Со тие промени Гимназијата на младинците од 15-19 години им давала сигурни, широко стручни и научни знаења од областа на јазикот и литературата, другите општествени науки, од техниката и културата и др., со цел да ги подготви учениците со предзнаења за да можат успешно да ја следат наставата на Универзитет.

Со цел да се изврши благовремена професионална ориентација на младите луѓе-гимназијалци, била воведена нова организација во наставата, односно реформирана чеврто-класна Гимназија (I, II, III и IV клас) поделена во две насоки: општествено-јазична и природно-математичка.

Гимназијата „Мирче Ацев“ во учебната 1983/84 година се трансформирала во Училишен центар за општествено-техничка и медицинска насока, со 920 ученици од гимназијата „Мирче Ацев“ сместеми во 29 парарелки и 58 вработени и Медицинско училиште со 350 ученици во 10 паралелки и 17 вработени. Тогаш уписот за прва година се вршел по изборна програма, според следните струки и занимања:

  • просветна струка-соработник во воспитно образовна дејност,
  • културолошка струка-културолошки техничар,
  • математичко-информатичка струка-информатички техничар,
  • градежна струка-хидроградежен техничар,
  • здравствена струка-акушерка, педијатриска сестра, медицинска сестра, лаборантски техничар,
  • биотехничка струка-битехничар.

Воведувањето на новиот концепт на насочено образование и неговите промени во наредните години, веројатно не ги даде очекуваните резултати, така што во 1993 година Училишниот центар за општествено-техничка и медицинска насока „Мирче Ацев“, преминува во Гимназија „Мирче Ацев“ со паралелки за општа и природно-математичка гимназија, во согласност со промената на Законот за насочено образование.

Од учебната 2001/2002 год. во Гимназија „Мирче Ацев“ се применува новиот Наставен план за гимназиско образование што е донесен на ниво на Република Македонија.


Проф. Николче Богданоски



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија