МК | EN | FR | DE
Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го означи 20 Ноември Универзален ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата низ светот и да ги потсети возрасните дека децата како рамноправни членови на секое општество имаат свои права и обврски и истите треба да се почитуваат. По повод одбележувањето на Светскиот ден на детето на 20-ти ноември, 2018г во СОУГимназија ,,Мирче Ацев"-Прилеп организира отворен инфо ден на кој се изврши промоција на дете правобранител во училиштето и негови заменици, во присуство на директорот Димче Настоски, професорите Емона Јованоска,Кети Ефремоска, педагогот во училиштето Светлана Барлакоска и учениците од гимназијата. На отворениот инфо ден беа присутни и претставници од Бирото за развој на образованието –Советниците за образование -Даница Талимџиоска и Оливера Тодороска и претставници од младинските заедници од средните училишта со директорите и координаторите на младинските заедници.
Согласно со предходно реализираната процедура за избор на дете правобранител и негови заменици беше избран ученик правобранител - Ана Плетварец –трета година и Елена Николоска од прва година и Веселинка Илиовска од трета година, Присутните на отворениот инфо ден се запознаа со функцијата на дете-правобранител која за прв пат се организира од учебната 2018/19г во гимназијата, со улогата и значењето на учениците правобранители, но и се потсетија на правата и одговорностите на детето од Конвенцијата за правата на детето поткрепено со примери од секојдневниот живот.
По повод на Светскиот ден на детето СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ организира заеднички настан со основното училиште „Климент Охридски“. Претседателот на Ученичкиот парламент Ангела Николоска, секретарот на Ученичкиот парламент Марија Димеска и членови од Хуманитарниот сектор ги посетија учениците во петто одделение. Целта на работилницата беше учениците повеќе да се запознаат со своите права и одговорности. Петтооделенците заедно со гимназијалците и присутните волонтери од НВО Коалиција СЕГА заеднички ги дискутираа нивните одговорности и права. Тие имаа за задача во своите тетратки да напишат по едно право проследено со соодветна одговорност, кои подоцна беа прикажани на хамери кои ги изработуваа петтооделенците во четири групи со помош од повозрасните. Оваа работилница беше проследена со интересни игри, гатанки и брзозборки кои ги споделија учениците од Основното училиште. Замисленото беше остварено. Учениците подробно се запознаа со своите права и одговорности, ја усовршија тимската работа и ја поттикнаа својата креативност. Сите заедно уживавме во квалитетно поминатото време.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.