МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

ГИМФЕСТ 2018

 

Gimfest 2018, Гимфест 2018,GIM FEST, ГИМ ФЕСТ

   30.03.2018,петок,беше денот кога сцената во Домот на култура “Марко Цепенков” – Прилеп повторно блесна и по осми пат ги дочека нашите гимфестовски ѕвезди.Традицијата продолжи,Гимфест заблеска со сиот свој сјај и квалитет кој го негува со години и ја наполни претесната сала во која многубројната публика уживаше слушајќи хитови од различен жанр и различен временски период почнувајќи од 50 тите години па се до денешен ден.Впрочем,токму и така беше замислата и темата на овогодинешниот – ВРЕМЕПЛОВ.
   Од самиот старт одличните водителки Александра Илиеска и Вероника Беличоска го водеа овој брод и низ четири музички блокови,со вкупно 17 солисти и песни успешно исплови до самиот крај.А таму,пак,на самиот крај ги пречека динамичното дуо “Cyrillic” кои со свој 25 минутен настап ја подигнаа атмосферата до завривање.Токму таа кулминација ги донеси највозбудливите моменти.Дојде моментот кога беа прогласувани најдобрите три изведби односно доделени наградите за прво,второ и трето место на Гимфест 2018.Стручното жири се погрижи наградите да одат во вистински раце па од 17 солисти одбраа победник.Составот на жирито беше следен:

1.    Проф. Татјана Иваноска,
2.    Проф.Наталија Гарбеска
3.    М-р Фроска Сапунџиева
4.    Проф. Весна Симјановска
5.    Проф. Благица Димчева

   На овогодинешниот ГИМФЕСТ настапија солистите:

Ивона Нанческа    
Мартина Димитриоска   
Елена Хаџи-Спиркоска    
Петар Андоноски  
Стефан Ангелески    
Теодора Димеска    
Сања Роканоска   
Анастазија Христоска    
Натали Китаноска    
Викторија Илиовска   
Тереза Пипиџаноска    
Евгениј Темелкоски
Антонио Николоски    
Ведрана Петреска    
Нина Коцеска    
Ивана Наумоска    
Ангела Зероска

Првото место на ГИМФЕСТ 2018 го освои  Анастазија Христоска,
второто место го зазеде Ангела Зероска,
третата награда замина во рацете на Нина Коцеска.

 

 

   И овој Гимфест помина во најдобар ред,со многи насмевки,аплаузи,пеење и дружење што впрочем е и целта на овој фестивал.Судејќи според коментарите на самиот фестивал,но и после фестивалот,Гимфест организациски заслужува само честитки и комплименти,а токму за таа организација беа задолжени професори од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ кои организирани во една комисија за организација на фестивалот беа најзаслужни за тоа.Комисијата беше во состав:

1.    Проф.Мартин Наумоски-претседател на комисијата
2.    Проф.Татјана Иваноска- музички ментор на фестивалот
3.    Проф.Орде Цветаноски
4.    Проф.Кети Ефремоска
5.    Проф.Наталија Гарбеска
6.    Проф.Александар Џинго
7.    Проф. Гордица Димитриевска Груеска.

   Целата комисија како и целата манифестација беше поддржана од в.д. директорот на Гимназијата Димче Настоски.Во подготовките и организацијата на овој фестивал беше вклучена и Младинската заедница при СОУ Гимназија “Мирче Ацев”

Гимфест 2018 е веќе минато и преубав спомен на сите инволвирани  во истиот , а се надеваме и на публиката која одлично ги поддржуваше нашите солисти.Следува период во кој ќе одмориме,но и ќе ги започнеме подготовките за Гимфест 2019.Гимфест како манифестација изгради свој препознатлив стил,изобилува со квалитет и со напорна работа и посветеност ветуваме и закажуваме нова средба за една година.До тогаш,благодарност до сите кои учествуваа и присуствуваа годинава,со добра мисла ,се гледаме за брзо.

СПОНЗОРИ НА ГИМФЕСТ 2018

sponzori, спонзори


Објавено на: 03 Апр 2018

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија