МК | EN | FR | DE
Спортскиот сектор при Ученичкиот парламент на СОУ Гимназија Мирче Ацев – Прилеп, заедно со професорите по спорт и спортски активности и директорот Димче Настоски, организираа хуманитарен турнир во одбојка на ден 14.12.2018 – петок, во гимназиската спортска сала.
На настанот учествува ученици и професори од СОУ Гимназија Мирче Ацев во вкупно 32 екипи со по 7 членови во секоја екипа (6+1).
Настанот беше од хуманитарен карактер поради тоа секоја екипа уплати котизација од 700 денари. Дел од собраните сретства се искористија за организирање на турнирот, дел ќе се искористат за купување на спортски реквизити за училиштето, а најголемиот дел ќе биде дониран во хуманитарни цели.
Вкупно се изиграа 32 натпревари. Секој натпревар се играше на два добиени сета, каде што еден сет се состоеше од 10 поени, доколку беше потребно се играше и трет сет кој се состоеше од 5 поени и беше решавачки.
Во полуфиналето се пласираа екипите „Ivo. Mp3“, „Тигри“, „lim x; x->трофеј“, и екипата на „Професори“.
Третото место го освои екипата на професорите
Второто место го освои екипата „Ivo. Mp3“
Првото место го освои екипата на „lim x; x->трофеј“ во состав: Галена Аризанкоска, Наталија Аризанкоска, Марија Дисоска, Марко Илиески, Теодора Дренкова, Андреј Крстев и Ана Георгиеска.
На крајот на настанот, директорот Димче Настоски ги прогласи победниците. Доделени им беа медали, а трофејот за најдобар играч го освои Наталија Аризанкоска.
Претседател на ученичкиот парламент: Ангела Николоска
Координатор на секторот: Ева Грозоска
Фотографија: Горан Попоски и Петар Кироваков
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.