МК | EN | FR | DE
На 09 јуни 2018 год. на Универзитетот ФОН се одржа Финален круг на Кенгур2018, натпревар на кој право на учество имаа сите натпреварувачи коишто на овогодинешниот натпревар Кенгур се здобија со награда. На натпреварот во кој владееше бравурозна атмосфера учествуваа стотици натпреварувачи од многу основни и средни училишта од целата држава, меѓу кои и шестмина од нашата гимназија. На натпреварот гимназијалците од Прилеп под водство на проф. Гоце Ѓорѓиоски учествуваа во двете најтешки категории и тоа Јуниор и Сениор. Сепак тие не дозволија да ги надвладее притисокот кој го носи самиот меѓународен натпревар и постигнаа одлични резултати:
Марко Илиоски од I година под менторство на проф. Антонија Гическа Петкоска освои пофалница.
Кристијан Селчанец од I година под менторство на проф. Калина Секулоска освои пофалница.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.