МК | EN | FR | DE
Уште еден успех на младите ликовни уметници од нашата гимназија.
Славчо Павлоски од II година го освои првото место, а Бисера Галеска од I година го освои третото место на меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“ Кратово која се одржуваше од 12 до 17 јуни 2018 год.
Тие ги создаваа своите ликовни дела инспирирани од старогратската архитектура, под менторство на своите професори по ликовна уметност Гордица Димитриевска Груеска и Александар Џинго.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.