МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

француско знаме На македонски јазик

Ликовна изложба по повод Месецот на Франкофонијата

 

Francophonie Macedonia

   На 07.03.2018 година, Големата галерија на Домот на културата „Марко Цепенков“ беше претесна за многубројните гости, родители, ученици и љубители на ликовната уметност кои присуствуваа на културната манифестација, ликовната изложба „Слободни заедно, секој од свој агол“, посветена на Месецот на Франкофонијата.
   Учениците и вработените од Гимназијта „Мирче Ацев“ уште еднаш се покажаа како вистински професионалци во извршување на нови предизвици, а овој пат во ликовната уметност.
   Беа претставени 29 дела, подготвени од ученици и вработени во училиштето. Сликите се изработени во различни техники и ја пренесуваат пораката за мир, слобода и дијалог меѓу народите. На 7 март се славеше  слободата, мирот, пријателството, демократијата и човековите права, заложба на Меѓународната организација на Франкофонијата  во која членуваат повеќе од 84 држави, а од 2006 година членка е и нашата држава, Република Македонија. На овој начин младите од прилепската Гимназија зедоа учество во реализирањето на иницијативата на младите франкофони и Генералниот секретар на OIF (Меѓународната организациај на Франкофонијата) како реакција на феноменот на ужасна радикализација на младите и зголемување на тероризмот во светот, потврдувајќи ги вредностите на слободата, солидарноста, да го промовираме мирот, мешавината од култури како богатство, а живеењето заедно како основна цел.
   Манифестацијата беше збогатена со музичкиот настап на учениците Анастазија Христоска, Ангела Зероска, Марија Андоноска, Бистра и Ведрана Петрески, придружени од Андреј Танески, на гитара.
   Водители на програмата беа Марија Андоноска и Иван Неделкоски.

Изложбата за отворена ја прогласи В.Д.Директорот Димче Настоски

   На изложбата со свои уметнички дела се претставија:

Викторија Дунимаглоска, Марија Тодеска со сликата „Живеј во мир, не во војна“ (Vis dans la paix, pas dans la guerre)
Мартина Пусоска со сликата „Жената со птиците“ (La famme aux oiseaux)
Михаела Ѓоргиоска со сликата „Децата не знаат за расизам“ (Les enfants ne connaissent pas le racisme)
Марија Петроска со сликата „Два различни света“ (Deux mondes differents)
Анастазија Христоска со сликата „Заедно во слобода“ (Ensemble dans la liberté)
Дамјан Трајкоски со сликата „Заедно подалеку“ (Ensemble plus loin)
Марија Тодеска, Викторија Дунимаглоска со сликата „Да го ослободиме разумот од притисокот на социјалните мрежи“ (Libérons l’esprit  de la pression des réseaux sociaux)
Елена Велеска со сликата „Ѕидот кој не разделува“ (Le mur qui nous sépare)
Христијан Петрески со сликата „Слободни во просторот“ (Libreѕ  dans l’espace)
Jaна Наумоска со сликата „Возило на среќата“ (Véhicule du bonheur
Славчо Павлоски со сликата „Чувар на среќата“ (Le gardien de la liberté)
Елена Ристеска со сликата „Љубовта може сé да победи“ (L’amour peut tout vaincre)
Михаела Узуноска со сликата „Лет кон слободата“ (Vol vers la liberté)
Милена Тасеска со сликата  „Лет кон животот“ (Vol vers la vie)
Евгенија Јандреска со сликата „Жива вода“ (Eau vif)
Сања Цветкоска со сликата „Ослободена од твојата љубов“ (Liberée de ton amour)
Ѓорѓина Саботкоска со сликата „Боите на мирот“ (Les couleurs de la paix)
Елена Хаџи-Спиркоска со сликата „Дисторзија“ (Distorsie)
Ана Поп-Антоска со сликата „Љубовна стрела“ (Flèche d’ amour)
Мелани Героска со сликата „Ружата на пријателството“ (La rose de l’amitié)
Александра Попеска со сликата „Поништување на ништото“ (Destruction du rien)
Илина Смугреска со сликата „Парабола на светот“ (Parabole du monde)
Гордица Димитриевска – Груеска со сликата „Заедно“ (Ensemble)
Александар Џинго со сликата „Композиција“ (Composition)
Марина Попоска со сликата „Единство во разноликост“ (Unité dans la diversité)
Ленче Трајкоска со сликата „Танц на љубовта“ (Danse de l’amour)
Мирјана Бошковска со сликата „Девојката која сонува“ (La fille qui réve)
Светлана Барлакоска со сликата „Синило“ (L’azur)
Николче Богданоски со сликата „Слободни заедно“ (Libres ensemble)

   Организатор и ментор на настанот е професорката по француски јазик Мирјана Бошковска, а во реализацијата ѝ помогнаа Андреј Стојкоски, проф.Александар Џинго, проф.Гордица Димитриевска - Груеска и проф. Николче Богданоски.

 

Фотографија: Христијан Петрески, Јана Наумоска и Горан Попоски


Објавено на: 11 Мар 2018

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија