МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Доделување на дипломите на овогодинешните матуранти

 

Матуранти 2018

 
   Во петокот, на 17.08.2018 год. во спортската сала на гимназијата „Мирче Ацев“ се одржа свеченост на која на овогодинешните матуранти им беа доделени дипломите.
  Најпрво, присутните ги поздрави директорот на училиштето Димче Настоски, кој низ краткото обраќање им посака успех во понатамошното образование и во животот на матурантите.
  Потоа, советникот за образование при Општина Прилеп, Јасмина Мицеска го прогласи првенецот на генерацијата, Христијан Ржаникоски по што се пристапи кон доделувањето на дипломите по класови.

   На крајот, со посебна чест и внимание од Директорот и присутните, во пензија испратена беше професорката по Македонски јазик и литература Ленка Јованоска, на која оваа ѝ беше последната генерација матуранти.
   На професорката ѝ посакуваме спокојни пензионерски денови, а на матурантите да продолжат со успеси во понатамошниот живот.


Објавено на: 20 Авг 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија