МК | EN | FR | DE
И оваа година продолжи традицијата на одржување на поетски вечери во рамките на одбележувањето на Патрониот празник на нашата Гимназија.
На 25 декември 2018 г. во Арт кафе - Апореа се одржа поетска вечер со наслов „Љубовден“. И овојпат присутните гости уживаа во стиховите на талентираните рецитатори а музичките изведби го дополнија задоволството.
Стихови од македонски и светски автори рецитираа учениците: Леона Митревска, Иван Неделкоски, Михаела Насеска, Катерина Божиноска, Андреј Патлиџаноски, Мартин Милески, Стефани Мирческа, Давор Аврамоски, Димитар Цветаноски, Андреј Крстев, Елена Ангелеска, Сања Котеска, Христијан Тунески, Сара Атанасоска, Ивана Тодороска, Душица Тодороска, Ева Илиеска, Лилјана Јованоска, Сања Цветкоска, Михаела Аџиоска и Бисера Николоска.
Поетската вечер со прекрасни македонски мелодии ја збогатија Михаела Аџиоска, Ангел Ѓорѓиоски, Деспина Јованоска, Теодора Димеска и Марија Ристеска.
Не само ученици, на поетската вечер настапуват и родители и професори. Овојпат како дел од програмата со свои настапи пред бројната публика се претставија Тони Ангелески, татко на Елена Ангелеска и Дарко Ристески, професор по Македонски јазик и литература. Тие со одличниот рецитаторски настап изнудија искрени и топли аплаузи.
Со овој настап уште еднаш се потврди соработката меѓу учениците, родителите и професорите. Сите заедно им понудија на присутните една незаборавна вечер, вечер за уживање.
Организирањето, подготовката и реализацијата на поетската вечер беше на проф. Весна Михаиловска, проф. Стефани Видеска, проф. Дарко Ристески, проф. д-р Татјана Иваноска и проф.Николче Богданоски.
Целиот настан беше поддржан од директорот Димче Настоски.
Фотографија: Антонио Барлески
Викторија Трајкоска
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.