МК | EN | FR | DE
На ден 14.11.2018 учениците од IV-8 и IV-9 кои имаат хемија како проектна активност, со проф. Христина Манческа и училишниот социолог Зоре Присаѓанец, го посетија Научниот институт за тутун во Прилеп.
Ги посетија лабораториите во институтот каде им беа претставени апаратури, технички сретства и постапки со кои се врши испитување на хемискиот состав на тутунот, процеси за отстранување на никотинот и катранот и тутунска преработка. Им беа прикажани и примероци на тутун и различни видови на почви.
Воедно, учениците следеа и едукативно предавање за штетноста од тутунот и пушењето на цигари.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.