МК | EN | FR | DE
Годинава по трет пат СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ со поддршка од учениците од Ученичкиот парламент, а во организација и со координација на професорката Ружа Ангелеска, организираше хуманитарна акција за децата без родители, прифатени во згрижувачки семејства. Акцијата беше во чест на патронот на градот Свети Никола, заштитник на бедните, сираците ...
За потребите на 34-те деца без родители со возраст од 2-32 години од кои 9 се со посебни потреби несебично, хумано и солидарно донираше генералниот покровител Прилепска пиварница, а со свои донации се вклучија и ПИ Витаминка, Бутици Лукас,..колеги и ученици ... Неизбежно мора да се спомене Игротека „БАМБИ“ која со своите маскоти од Мики Маус, Медо и Маша и Дедо Мраз веќе три години ги разнежнува дечињата и возрасните. Токму оваа игротека оваа година беше и домаќин, каде децата можеа барем на миг да се почуствуваат весело и разиграно како и сите други деца.
Пораката на оваа акција беше „АКО НЕ МОЖЕМЕ ДА ИМ ПОДАРИМЕ СЕМЕЈСТВА, МОЖЕМЕ БАРЕМ НА МИГ ДА ИМ ПОДАРИМЕ ЉУБОВ ЗАТОА ШТО АКО ЉУБОВ НЕМА НИШТО НЕ СМЕ💕💕“
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.