МК | EN | FR | DE
Во саботата, на 12.05.2018, во просториите на Црвен крст - Прилеп, се одржа регионалниот натпревар по прва помош. На натпреварот учествуваа девет екипи од општините Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани.
Традиционално, по дваесет и петти пат, ученичките од екипата на нашето училиште успешно ги санираа повредите и го освоија првото место на натпреварот со максимален број на поени.
Во гимназиската екипа се ученичките: Веселина Шојлеска (капитен на екипата), Марија Дисоска, Искра Белческа, Искра Чупетреска, Ева Крстеска и Марија Ристеска.
Ментор им е проф. Гоце Ѓорѓиоски
Со постигнатиот успех, ученичките обезбедија учество на државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје во месец септември.
Им посакуваме многу успех!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.