МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
Најдобри рецитатори и поети
 

   На 10.11.2018 год. во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп се одржа натпревар за најдобар рецитатор.
   По повод месецот на книгата Градската библиотека „Борка Талески“ секоја година организира натпревар за најдобар рецитатор на кој учествуваат ученици од сите основни и средни училишта од општината.
   И оваа година во категоријата на ученици од средните училишта гимназијалците беа најдобри.
   Првото место го освои ученичката Сара Атанасоска  од III-8 под менторство на проф.Eмона Јованоска а второто место и припадна на Леона Митревска од IV-2 под менторство на проф. Весна Михаиловска.

рецитација Леона рецитатори библиотека 2018

   На  11.11.2018   во рамките на одбележувањето на месецот на книгата Градската библиотека „Борка Талески“  организираше и натпревар за најдобра лична творба. И на овој натпревар беа наградени наши ученици и тоа: Теона Ацеска од III-1  второ место за најдобра песна под мeнторство на проф. Мартина Вељаноска и Елена Николоска од I-6  трето место за најдобра песна под менторство на проф. Дарко Ристески.

recitatori poeti поети

   Овие награди се уште една потврда дека Гимназијата го негува талентот на учениците и љубовта кон поезијата и пишаниот збор.


Објавено на: 14 Ное 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија