МК | EN | FR | DE
На 23 ноември 2018 година во стрелиштето во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Сојузот на училишен спорт на Прилеп и Стрелачкиот клуб „Херој Прилеп“ се одржа Државното првенство во стрелаштво за учениците од основните и средните училишта во нашата држава.
Меѓу вкупно 66 учесници на натпреварот, учество зедоа и нашите гимназијалци кои ги постигнаа следните резултати:
• Лазар Лазарески – освои I место
• Мартин Ангелески - II место
• Викторија Тренческа – III место
На натпреварот учествуваа и учениците Ивона Бундоска, Пројчески Стефан и Тодорчески Кире кои исто така се пласираа меѓу првите десет најпрецизни стрелци.
Ментори на натпреварувачите им беа професорите Дејан Стерјовски и Гоце Ѓорѓиоски.
Учесниците кои освоија прво и второ место во сите категории се здобија со право на учество на спортскиот камп во Охрид, организиран од Федерацијата на училишен спорт и Агенцијата за млади и спорт.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.