МК | EN | FR | DE
На меѓународниот младински театарски фестивал „Олимпија во Дион“ во Република Грција, ќе учествува и нашата Гимназија со претставата „Три писма“.
Автор и режисер на драмата е Маринко Шлакески, професор по драмски уметности и англиски јазик, а главната улогата ја игра ученичката Леона Митревска.
Монодрамата „Три писма“ е приказна за еден општествен распад, оставена во три засебни писма во еден стар куфер во одамна напуштената куќа на Евелина, тетката на Ема, главниот карактер.
Ова е второ учество на гимназијата „Мирче Ацев“ на овој театарски фестивал на кој со свои претстави учествуваат и претставници од домаќинот Република Грција, Кипар, Иран, Словачка, Белорусија, Унгарија, Хрватска ...
Театарските претстави на фестивалот се изведуваат на античкиот театар во Дион, во подножјето на планината Олимп, каде што е погребан античкиот писател Еврипид, а дел од претставите кои имаат посебни сценско-технички потреби се изведуваат во блиските театри.
Претставата „Три писма“ ќе се изведува на 26-ти септември во театарот „МО“ во Катерини. Претставата е на англиски јазик.
Минатата година, нашата Гимназија се претстави на фестивалот со монологот „Лора“ на грчки јазик, по текст и режија на Маринко Шлакески, а главната улога беше на Марија Митреска. Претставата доби Признание и награда за автентичност на драмски текст и изведба.
Се надеваме на успех и оваа година.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.