МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
Убавините на природата
 

urban pejsaz

   Од 15 до 20.12.2018год.  ЕКО одборот при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, за учениците од прва година, организираше фото конкурс за најдобра фотографија. Тематски, фотографиите требаше да опфатат чиста животна средина, каде се потенцираат убавините на недопрената природа, како што се шумите, реките, езерата и целиот биодиверзитет, намалување на влијанието на човекот врз недопрената животна средина, како и подобрување на квалитетот на живот во урбаната средина. Ментор на учениците кои со свои фотографии учествуваа на конкурсот беше проф.Гордица Димитриевска Груеска.

   ЕКО одборот во состав Светлана Барлакоска, Весна  Михаиловска, Николче Богданоски и Гордица Димитриевска Груеска комисиски ги разгледа сите пристигнати фотографии а за најуспешни избрани се фотографиите:

„Урбан пејзаж“ на Анастасија Ризоска (Прво место)
„Планински цвет“ на Наталија Стојанова (Второ место)
„Планински извор“ на Ивана Симоноска (Трето место)

  На учесниците на конкурсот, директорот Димче Настоски, им подели благодарници, а на победниците пофалници.
  Целта на оваа активност на ЕКО одборот беше да се побуди свеста на учениците за чиста животна средина, да се потенцираат природните убавини и да се алармира за уништувањето на истите.

Ризоска Анастасија „Урбан пејзаж“ Наталија Стојанова „Планински цвет“ Ивана Симоноска „Планински извор“


Објавено на: 02 Јан 2019

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија