МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Младинската заедница при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ преименувана е во Ученички парламент

Ученички парламент

   Од оваа учебна година, 2018/19 СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ е дел од проектот на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ именуван како „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“. За таа цел училиштето формираше Тим за работа за примена на Ресурсниот пакет, составен од професорките Емона Јованоска и  Кети Ефремоска, директорот Димче Настоски и педагогот Светлана Барлакоска.
   По помината обука за примена на Ресурсниот пакет, тимот активно ја започна новата учебна година. Според изработените Програма и Акциски план, најпрво со новиот начин на работа беа запознати класните раководители, а потоа и останатите наставници во училиштето. Во текот на неколку класни часови, класните раководители имаа обврска да ги запознаат учениците со новиот начин на избор на класна заедница, односно претседател и заменик претседател, како и членови на постојаните и повремените тела на класната заедница. Потоа од редот на претседателите на класовите беа избрани координатори, по еден од секоја година.
   Според Акцискиот план, на 28ми септември, оваа година, во присуство на членовите за работа со Ресурсниот пакет, се одржа конститутивната седница на Ученичкиот парламент чии членови се сите претседатели од прва до четврта година.
    На повикот за пријавување на кандидати за претседател на Ученичкиот парламент пријави поднесоа две ученички од трета година - Ангела Николоска и Марија Димеска. На конститутивната седница на Ученичкиот парламент тие ги презентираа своите мотивациони писма. Од  ченовите на Ученичкиот парламент беше формирана комисија од тројца членови која го спроведе гласањето за Претседател на Ученичкиот парламент.
   Сите присутни членови на Ученичкиот парламент тајно гласаа за својот кандидат, а комисијата го следеше целиот процес. По тајното гласање на членовите, комисијата ги преброи гласовите и го соопшти името на новиот претседател на Ученичкиот парламент, Ангела Николоска, додека Марија Димеска е избрана за секретар на Ученичкиот парламент. Од редот на координаторите по години,  на истиот начин, со тајно гласање, е избран и заменик на претседателот на Ученичкиот парламент, ученикот Александар Темелкоски.
   Новото претседателство заедно со Тимот за работа со ресурсен пакет, ќе одржи работен состанок на кој ќе се изработи и Годишната програма на Ученичкиот парламент.

гласање во парламентот парламент училиште

броење на гласовите претседателката на парламентот


Објавено на: 15 Окт 2018

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија