МК | EN | FR | DE
Од 15.09 до 19.09.2018 г, Македонија беше домаќин на Меѓународна олимпијада за француски јазик. Олимпијадата се одржуваше во Охрид и на неа учествуваа ученици од средните училишта од југоисточна Европа, кои биле победници на државните олимпијади во своите земји. Меѓу нив беше и нашата ученичка Марија Митреска. До олимпијадата Марија стигна со победата на Државниот натпревар во категорија „Класични гимназии“ одржан во Скопје во април оваа година.
„Навистина сум среќна што ја имав можноста да учествувам на Меѓународната олимпијада во Охрид и на еден ваков натпревар. За мене ова беше незаборавно искуство, стекнав многу нови пријателства и дознав повеќе за различни култури.
Натпреварувањето беше повеќе на интерактивен, забавен начин и ни претставуваше можност да се запознаеме, да разменуваме идеи и да комуницираме на француски јазик“ - изјави Марија за учеството на Олимпијадата.
Во категоријата „Искажување на француски јазик во групи“ тимот во кој учествуваше Марија го освои првото место.
Ментор на Марија ѝ е професорката по француски јазик од нашето училиште Мирјана Бошковска.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.