МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Нови успеси по математика

   На 17.03.2018 год. на Машинскиот факултет во Скопје се одржа 61-от Дражавен натпревар по математика. На овој натпревар со најдолгогодишна традиција од сите државни натпревари во Р.Македонија учествуваа околу 200 ученици од I до IV година од средните училишта од Р.Македонија. На истиот нашата Гимназија ја претставуваа 10 ученици кои постигнаа завидни резултати и тоа:

I Година:

Илиоски Марко освои I награда
Овезоски Благоја освои II награда
Галевска Бисера доби Пофалница за учество
Ментор на учениците им е професорката по математика Антонија Гическа Петковска

II Година:

Џајковска Емилија доби Пофалница за учество
Ментор проф. по математика Афродита Стефаноска

III Година:

Коцески Ѓорѓи освои III награда
Ристески Марко освои III награда
Георгиеска Ана освои III награда
Ментор на учениците им е професорката по математика Маријана Спиркоска

IV Година:

Мрчески Андреј освои II награда
Димески Стефан доби Пофалница за учество
Ментор на учениците им е професорката по математика Евгенија Нешкоска

   Со воие успеси уште еднаш се потврди дека прилепската Гимназија дава одлични математичари кои децении наназад се на самиот врв во математички знаења.

   Поради добриот пласман на овој државен натпревар, учениците Илиоски Марко, Овезоски Благоја, Коцески Ѓорѓи, Ристески Марко, Георгиеска Ана и Мрчески Андреј ќе учествуваат на Македонската математичка олимпијада која ќе се одржи на 13.04. 2018 год.

   На сите им посакуваме многу успех!

резултати од натпреварот по математика


Објавено на: 26 Мар 2018

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија