МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

 

Десетта јубилејна поетска вечер
„Само дома си е дома“

 samo doma si e doma

   И оваа година продолжи традицијата на одржување на поетски вечери во рамките на одбележувањето на Патрониот празник на нашата Гимназија.
   На 25 декември 2019 г. во Арт кафе - Апореа се одржа поетска вечер со наслов „Само дома си е дома“.
   Оваа десетта, јубилејна поетска вечер ја посветивме на Татковината, на судбината македонска, печалбарска. Тешка е судбата македонска, печалбарска е таа, кaко да му било пишано на Македонецот да биде во вечна потрага по среќа.Но учениците низ стихови и песни кажаа дека само дома си е дома и никаде не е поубаво.
   И овојпат присутните гости уживаа во стиховите на талентираните рецитатори а музичките изведби го дополнија задоволството.
Стихови рецитираа учениците: Марија Стојческа, Никола Мавчев, Христијан Нашуловски, Ненад Кулески, Лина Тунеска, Јована Трајкоска, Сара Атанасоска, Гордана Димеска, Сара Талевска, Душица Тодороска, Ева Илиеска, Иво Јездиќ, Димитар Илиоски, Сара Јошеска, Ивана Јовеска, Ивана Тодороска, Ива Тркалеска и Евгенија Димеска.
   Поетската вечер со прекрасни македонски мелодии ја збогатија: Михаела Аџиоска, Лука Петрушески, Иван Блажески, Александра Игнатоска, Ива Трајкоска, Стефани Ралоска, Ангел Ѓорѓијески, Маја Димеска, Благоја Николоски и Кирил Кузманоски. 

 

   Пораката на ова десетто по ред поетско дружење беше јасна- доста беше пакување куфери за печалба. Овде е нашиот дом а само дома си е дома и никаде не е поубаво.

   За организацијата и реализацијата на поетската вечер одговорни беа професорите: Весна Михаиловска, Татјана Иваноска, Николче Богданоски, Стефани Видеска и Дарко Ристески.


Објавено на: 01 Јан 2020

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија