МК | EN | FR | DE
Учениците при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп, Филип Тошески, Никола Димовски и Стефанија Трајкоска, под менторство на професорката по физика Соња Димовска аплицираа на конкурсот со наслов „Предизвик за млади истражувачи 3“ објавен од Фондот за Иновации и Технолошки Развој (ФИТР).
Идејата за проектот „ПАМЕТНА СУШАРА ЗА ТУТУН, ЧАЈ И ДРУГИ БИЛКИ“ беше на ученикот Филип Тошески, кој заеднички со останатите двајца ученици, координирани од професорката Соња Димовска, изработија продукт, проект план на кој ФИТР не остана рамнодушен. Проектот е награден и ќе биде финансиски поддржан од Фондот.
Иновацијата претставува сушара за тутун, која би го забрзувала процесот на сушење на тутунот со помош на вентилатори кои би работеле искористувајќи ја сончевата енергијата преку фотоволтаични ќелии.
Во периодот во кој не се обработува тутун, сушарата би се користела за сушење на сезонски чаеви и билки.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.