МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

 

За генерацијата матуранти 2019/2020

 

 Матуранти 2020

   Во саботата на 27.06.2020 г. на матурантите од Гимназијата „Мирче Ацев“ им беа врачени дипломите за завршено средно образование.
Оваа генерација матуранти ја немаа можноста на свечен начин да им бидат доделени дипломите заради актуелната состојба со пандемијата и посебните мерки за однесување. Сепак, училиштето во согласност со пропишаните протоколи,  достоинствено го организираше овој важен настан за нашите ученици.
   Церемонијата започна од 8:00 ч. и траеше до 16:00 ч. Секоја од осумте паралелки на генерацијата матуранти имаше по еден час за чинот - доделување дипломи. Директорот на Гимназијата Димче Настоски ги  поздрави и им честита на учениците од секој клас посебно, се разбира во определениот термин.
   Покрај Директорот, на настанот присуствуваа и Помошникот директор и социолог Зора Присаѓанец и педагогот Светлана Барлакоска.
Претставниците од училиштето го прогласија и првенецот на генерацијата матуранти 2019/2020 г. – ученичката од IV-8 клас, ВИКТОРИЈА ДУНИМАГЛОСКА.
   Иако оваа генерација матуранти овој убав настан, го реализираа на поинаков, специфичен начин, во поинакви услови, со посебни протоколи и мерки на заштита, сепак не изостана радоста, силните емоции, веселите фотографии и искрените желби за успех во понатамошното школување.

 

 


Објавено на: 29 Јун 2020

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија